Протестите во Звечан продолжуваат, се бараат нови избори на северот на Косово

June 2, 2023
1 min read

Србите опстојуваат на барањата градоначалниците Албанци да ги напуштат општинските згради и уапсените за време на конфликтот со косовската полиција да бидат ослободени од притвор

ФОТО: Радио Слободна Европа

„Нема да не избркате од нашите домови“, „Сакаме мир, а не солзавец и шок бомби“, „Сите сме ние Радош и Душан“, се дел од транспарентите кои утрово може да се прочитаат на протестите во Звечан на северот на Косово.

Протестите против градоначалниците Албанци на општините со мнозинско српско население на северот на Косово продолжуваат петти ден по ред.

Српските медиуми пренесуваат дека дел од оние кои протестираат ноќта ја поминале во близина на поставената и засилена бодликава жица.

КФОР не дозволува возила на косовската полиција да минуваат низ улицата кон општината за да ги зачува граѓаните на безбедно и да спречи нови конфликти.

Србите опстојуваат на барањата градоначалниците Албанци да ги напуштат општинските згради и уапсените за време на конфликтот со косовската полиција да бидат ослободени од притвор.

Косово, вчера, беше ставено под дипломатски притисок за деескалација на ситуацијата.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, вчера, ги повикаа Приштина и Белград што е можно поскоро да организираат нови избори во четирите општини на северот на Косово, наведувајќи дека истовремено е неопходно да се разјаснат изборните правила. Макрон рече дека побарале јасни одлуки до следната недела.

Европската унија се приклучи на повиците на Франција и Германија за одржување нови избори на северот.

Има три барања што ЕУ ги постави за Косово , а тоа се нови избори, да се ​​обезбеди учество на косовските Срби во нив и да се ​​започне со работа за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство.

„Неуспехот да се стори тоа ќе има сериозни последици за нашите односи“, рече шефот за надворешна политика на ЕУ Џозеф Борел.

Косовската претседателка Вјоса Османи потврди дека Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц побарале Приштина да најде начин да организира нови избори на северот на земјата и на нив да учествуваат косовските Срби.

Османи, како што пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, на европските лидери им порачала дека законските процедури овозможуваат одржување на избори.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека северноатлантската алијанса е подготвена да испрати уште повеќе војници во Косово за да го смири насилството на северот на земјата населен претежно со Срби, додавајќи дека првите 700 војници веќе се на пат за Косово.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Повеќето млади лекари во Грција незадоволни од здравствениот систем во земјата

Следно

За едни Задушница, за други продолжен викенд: Долги редици на Граничниот премин „Богородица“

Latest from Blog

Америка го нападна Иран – Иран до Трамп: ЌЕ ЗАЖАЛИШ

Денес, и покрај договореното примирје, американската војска изврши нов напад врз цели во Иран, како одговор на нападот врз товарен брод во Ормутскиот теснец, за кој Вашингтон го обвинува Иран, јавуваат новинските

Усвоен новиот Закон за оружје: Повеќе електронски услуги и поедноставени постапки

Министерството за внатрешни работи информира дека е усвоен новиот Закон за оружје, со кој се поедноставуваат постапките, се прошируваат роковите и се воведуваат нови електронски услуги за граѓаните. Од МВР посочуваат дека

Поранешниот советник на Трамп призна вина за непрописно ракување со тајни документи

Болтон, кој сега е истакнат критичар на американскиот претседател, првично се изјасни за невин по 18 точки од обвинението за нелегално ракување со класифициран материјал, пишува Би-Би-Си. Меѓутоа, денеска се изјасни за
Go toTop