Столтенберг: Алијансата е подготвена да испрати уште војници на Косово, првите 700 се веќе на пат

June 1, 2023
1 min read

НАТО ќе остане будна. Ќе бидеме таму за да обезбедиме безбедна средина, како и да ги смириме и намалиме тензиите, изјави денеска Столтенберг

Северноатлантската алијанса е подготвена да испрати уште повеќе војници во Косово за да го смири насилството на северот на земјата населен претежно со Срби.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг/Фото: Архива

Ова денеска го изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека првите 700 војници веќе се на пат за Косово.

„НАТО ќе остане будна. Ќе бидеме таму за да обезбедиме безбедна средина, како и да ги смириме и намалиме тензиите“,

изјави Столтенберг за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло, пренесува регионалниот сервис на РСЕ.

Во општините со српско население на северот на Косово тензиите ескалираа уште на 26 април откако градоначалници Албанци со помош на специјалните сили на косовската полиција се обидоа да ги преземат функциите во општините со мнозинско српско население откако победија на изборите кои Србите ги бојкотираа.

Насилствата дополнително ескалираа три дена подоцна, кога припадници на КФОР интервенираа да ги растераат српските демонстранти кои беа собрани пред општинската зграда во Звечан, по што дојде до конфликт во кој беа употребени солзавец и шок бомби, а со повреди завршија десетици лица од двете страни.

По инцидентите во Звечан, НАТО одлучи да ја зголеми својата мисија од 4 000 војници на Косово за дополнителни 700 војници, откако 30 војници на КФОР беа повредени за време на судирите со српските демонстранти.

„Распоредувањето на дополнителни сили на НАТО на Косово е внимателна мерка за да се осигури дека КФОР ги има потребните капацитети за одржување на безбедноста во согласност со нашиот мандат на Советот за безбедност на ОН“,

соопшти завчера адмирал Стјуарт Б. Мунш.

Столтенберг денеска нагласи дека насилството врз војниците на НАТО е „целосно неприфатливо“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европските лидери се состанаа во Молдавија

Следно

Мурињо за иднината во Рома: До понеделник сигурно останувам

Latest from Blog

Португалската федерација ќе се обиде да се смири со Роналдо

Заминувањето на Кристијано Роналдо од кампот на португалската репрезентација е главна тема во земјата, но и во фудбалска Европа. Фудбалската федерација на Португалија не сака соработката со еден од најголемите играчи во

Божиновска: Со интерконекторите и Вертикалниот коридор ја зајакнуваме енергетската позиција на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави дека следната недела во Србија ќе се одржи вториот министерски самит со колегите од Грција, Бугарија и Србија, по средбата во Атина

Коњановски: Полни трибини за младата репрезентација – Битола живее за спортот

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вечерва беше дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“, каде младата репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Црна Гора во квалификациите за Европското првенство. Коњановски
Go toTop