Белата куќа испраќа пакет воена помош од 300 милиони долари за Украинците

June 1, 2023
1 min read

Севкупно, Соединетите Држави издвоија повеќе од 38,3 милијарди долари безбедносна помош за Украина од почетокот на мандатот на Бајден, вклучително и повеќе од 37,6 милијарди долари од руската инвазија во февруари 2022 година

Американскиот претседател Џозеф Бајден одобри нов пакет воена помош за Украина од 300 милиони долари, кој вклучува дополнителна муниција за дронови и друго оружје, соопштија синоќа американските власти.

Новиот пакет вклучува муниција за украинската одбрана од руски напади врз Киев од воздух: за ракетни батерии „Патриот“, за ракетни системи со висока подвижност „Химарс“, како и за противвоздушни одбранбени системи „Авенџер“ и „Стингер“.

Помошта вклучува и опрема за отстранување мини, противтенковски гранати, ненаведувани ракети „Зуни“, опрема за ноќно гледање и околу 30 милиони парчиња малокалибарско оружје.

На списокот се наоѓа и необјавена количина на други видови муниција.

Севкупно, Соединетите Држави издвоија повеќе од 38,3 милијарди долари безбедносна помош за Украина од почетокот на мандатот на Бајден, вклучително и повеќе од 37,6 милијарди долари од руската инвазија во февруари 2022 година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дестатис: Македонија има најниски трошоци за живот во Европа

Следно

Ракитиќ: Зад нас е холивудска приказна за сезоната, треба да се запали цел град

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop