Волстрит падна бидејќи инвеститорите стравуваат од зголемување на каматните стапки

June 1, 2023
1 min read

Трговците проценуваат дека шансите ФЕД да ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени во средината на јуни се 70 отсто. Нови насоки за пазарот ќе бидат дадени со извештајот за вработување во САД во мај, кој ќе биде објавен в петок

На Волстрит индексите паднаа во средата бидејќи договорот за ограничување на долгот на американската влада се очекува да ги помине клучните гласови во Конгресот, а инвеститорите стравуваат од ново зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД. Индексот Dow Jones изгуби 134,5 поени или 0,41 отсто во средата и падна на 32 908 поени, продолжувајќи да се намалува на почетокот на новиот месец, откако забележа загуба од 3,48 отсто во мај.

Индексот S&P 500 падна во средата за 0,61 отсто, на 4 179 поени, а индексот Nasdaq за 0,63 отсто, на 12 935 поени. Во мај, сепак, S&P забележа благ пораст од 0,26 отсто, а Nasdaq скокна за 5,8 отсто, објавувајќи го својот најдобар месечен учинок од мај 2020 година.

Технолошкиот сектор имаше одлични перформанси минатиот месец, со просечен скок на цените од 9,29 отсто, благодарение на порастот на цената на акциите на производителот на чипови. Најголеми добитници беа Нвидија, со скок на цената од 36 отсто во мај, и Бродком, за речиси 29 отсто.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вечерва треба да гласа за измените на Законот за финансиска одговорност, кој предвидува „отстранување“ на лимитот на долгот на американската влада од 31 400 милијарди долари, што е клучен чекор за да се избегне банкрот на САД следната недела.

Потоа, предлогот за измени на тој закон ќе биде проследен до Сенатот, каде што расправата ќе биде продолжена за викендот, во пресрет на 5 јуни, кога владата постепено би можела да остане без доволна ликвидност. Сепак, повеќето аналитичари предвидуваат дека законот ќе биде одобрен од Конгресот, а американскиот претседател Џо Бајден во средата изјави дека очекува законот да биде потпишан до понеделник.

Големи се шансите ФЕД повторно да ги зголеми каматните стапки

Трговците проценуваат дека шансите ФЕД да ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени во средината на јуни се 70 отсто. Нови насоки за пазарот ќе бидат дадени со извештајот за вработување во САД во мај, кој ќе биде објавен в петок.

На европските берзи вчера ослабеа најважните индекси, при што лондонскиот Ftse индекс падна за 1,01 отсто, на 7 446 поени, франкфуртски DAX за 1,54 отсто, на 15 664 поени, како и париски CAC, кој го заврши тргувањето на 7 098 поени.

Паневропскиот индекс Stoxx 600 падна за 1,1 отсто, завршувајќи го мај со загуба од 3,2 отсто, со што го забележа најголемиот месечен пад од почетокот на годината.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Челзи подготвен за трансфер на Ковачиќ во Манчестер Сити

Следно

Мурињо: Судијата имаше влијание, изгледаше како правдата да ја дели Шпанец

Latest from Blog

На денешен ден се сеќаваме на Горан Стефановски

На денешен ден, во 1952 година е роден Горан Стефановски, македонски драмски писател. Работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година бил

За три години Македонија доби 37 милиони евра од Европскиот мировен фонд. Што е тој фонд?

Советот на ЕУ на 25 април усвои мерка за помош во вредност од 15 милиони евра во рамките на Европскиот мировен фонд (EPF). Целта е да се зајакнат одбранбените капацитети и способности на Армијата

Словенечки ракометар пред потпис со РК Вардар

Ракометниот клуб Вардар е на пат да договори уште едно засилување, овојпат за бековската линија. Станува збор за словенечкиот ракометар од редовите на Слован Љубљана, Јака Малус. 28-годишникот зад себе има и

ФОТО: Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребот на папата Франциск – имаше кратка средба и со Доналд Трамп!

На погребната миса посветена на Неговата светост, папата Франциск, присуствуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова Пред околу 200.000 верници и почитувачи на народниот папа, религиозни лидери, претставници на кралски семејства, шефови на
Go toTop