Украина: Секогаш знаеме каде е Путин, целта не ни е да го убиеме, туку да го доведеме до Хаг

May 30, 2023
1 min read

Во однос на приоритетните цели, сите воени злосторници мора да бидат казнети. Како цивилизирана земја, Украина е заинтересирана за казнување на воените злосторници во рамки на меѓународното право пред меѓународен суд, вели портпаролот на Воената разузнавачка служба на Украина

Воената разузнавачка служба на Украина во реално време го следи местото каде се наоѓаат Владимир Путин и основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави портпаролот на службата. Андриј Јусов рече дека „и покрај сите обиди и напори да се сокријат овие информации“ и наводната употреба на „различни технологии, вклучително и употребата на двојницци“, Русија не успева да ги скрие локациите на Путин и Пригожин.

„Што се однесува до нивното место на живеење, се разбира дека знаеме каде се тие во секое време. Путин е чуван, тој е добро чувана личност. Пригожин не е таков и тој се однесува можеби најслободно меѓу рускиот естаблишмент. Сите овие информации ни се познати нам и на нашите партнери и често се следат во реално време“,

изјави Јусов за „Киев пост“.

Тој вели дека во моментов Украина нема желба или намера да го убие ниту Пригожин, ниту Путин.

„Во однос на приоритетните цели, сите воени злосторници мора да бидат казнети. Како цивилизирана земја, Украина е заинтересирана за казнување на воените злосторници во рамки на меѓународното право пред меѓународен суд. Во овој контекст, приоритет број еден за Украина и Централната разузнавачка агенција е навистина да го доведат Путин до Хаг на судење пред овој суд“,

изјави тој.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јувентус ќе му предложи на судот спогодба во страв од повисока казна

Следно

Ливерпул назначи Германец за спортски директор

Latest from Blog

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји

Словенците откриваат кој е нивни најголем проблем, но дали Македонија тоа ќе го искористи?

Словенија слично како Македонија, разочара во првиот меч од Лига на нации, но сепак освои бод на свој терен против Шкотска (0:0). Голманот Јан Облак со неколку одлични одбрани е најзаслужен што

Македонската берза во нагорна линија: Банкарските акции со значаен раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.814,99 поени. Во однос
Go toTop