НАТО распоредува дополнителни сили во Косово

May 30, 2023
1 min read

Дополнителен мултинационален баталјон резервни сили доби наредба да го намали статусот на подготвеност за распоредување од четиринаесет дена на седум дена

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

НАТО денеска соопшти дека распоредува дополнителни сили во Косово по судирите на северот на земјата, откако вчера беа повредени 30 војници од мировните сили предводени од Алијансата.

„Распоредувањето на дополнителни сили на НАТО на Косово е внимателна мерка за да се осигури дека КФОР ги има потребните капацитети за одржување на безбедноста во согласност со нашиот мандат на Советот за безбедност на ОН“,

нагласи адмирал Стјуарт Б. Мунш.

Дополнителен мултинационален баталјон резервни сили доби наредба да го намали статусот на подготвеност за распоредување од четиринаесет на седум дена, со цел да биде подготвен да го засили КФОР доколку е потребно.

„Сакам да го пофалам КФОР што презема брза, воздржана и професионална акција да се интервенира за да се запрат немирите и да се спасат животи. Насилството мора да престане и сите страни мора да престанат да преземаат дејствија за поткопување на мирот во која било и во сите заедници на Косово“,

наведе адмирал Мунш.

Тој додаде дека командата од Неапол внимателно ја следи ситуацијата во Косово и ќе продолжи да се координира со КФОР, за да се осигури дека ги имаат сите способности и сили што им се потребни за непристрасно да обезбедат безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници.

Во општините со српско население на северот на Косово вчера дојде до ескалација на тензиите кои траат неколку дена откако градоначалници Албанци се обидоа да ги преземат функциите во општините со мнозинско српско население откако победија на изборите кои Србите ги бојкотираа.

Припадници на КФОР вчера интервенираа за да ги растераат српските демонстранти кои беа собрани пред зградата на општина Звечан, беше употребен и солзавец, а дојде и до конфликт кој резултираше со повредени од двете страни.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАТО испраќа дополнителни војници во Косово

Следно

Џафери: Албанскиот јазик ќе чека ново отворање на Уставот

Latest from Blog

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји
Go toTop