Обврзница на европските народи за обнова на Украина

May 30, 2023
1 min read

Повикувајќи дека е време за Европска народна обврзница, Џејкоб Киркегард во текстот за ФТ потсетува на обврзниците што ги објавуваат САД и Британија за време на Првата светска војна „кои ја покажаа моќта на патриотизмот“.

„Како што големо мнозинство од Европејците ја поддржуваат финансиската помош за Украина, и како што се зголемуваат потребите на Киев, ЕУ или поединечно европските држави треба директно да се потпрат на добрата волја на своите популации кон Украина.

Европа треба да го следи канадскиот случај и да објави Европска народна обврзница за Украина тагетирана директно кон малите европски инвеститори,“ пишува високиот соработник на Германскиот Маршалов фонд во САД, Џејкоб Киркегард.

Без разлика на војната на истокот, обновата и економската нормализација можат да почнат во огромни делови од остатокот од земјата кои до сега не беа допрени од војната.

Киркегард смета дека затоа што САД обезбеди најголем дел од воената помош, идните трошоци за обнова на Украина треба да паднат на Европа, и току таму се потребни „нови идеи за финансиска помош на Украина.“

Ако парите што до сега ЕУ ги вети за Украина, 18 милијарди евра за 2023, се собираат стандардно преку обврзници достапни за големите институционални инвеститори, Унијата сега треба да ја искористи поддршката на јавноста за Украина за омасовување на бројот на инвеститори и да им понуди обврзници и на помалите.

Минатата година Канада го направи ова за сума од околу 500 милиони канадски долари, издавајќи обврзница за украински суверенитет, која беше во деноминации и од 100 канадски долари. Парите од обврзницата, преку ММФ, директно одат за обнова на Украина.

Бидејќи ЕУ веќе објавува зелени обврзници, Киркегард објаснува дека веќе не постојат технички пречки за Брисел со своите големи дилери да договори објавување и продажба на европска народна обврзница поддржана од ЕУ.

Доколку ова не може да се направи на ниво на ЕУ заради политички притисок и бирократија, препораката на Киркегард е земјите членки на ЕУ поединечно да ја ископираат канадската идеја, и парите или билатерално да се префрлаат на украинската влада или преку ММФ, а ЕУ за возврат може да ги смета како нивно учество во заедничкиот ЕУ буџет за Украина.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Вучиќ до Квинтата: Повлекување на градоначалниците и на полицијата е услов за зачувување на мирот на Косово

Следно

(ВИДЕО+ФОТО) Синот на Џафери и останатите нови обвинители се заколнаа дека ќе работат совесно и непристрасно

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу
Go toTop