Де Лаурентис: Спалети е слободен човек

May 29, 2023
1 min read

Тренерот на новиот италијански фудбалски првак Лучано Спалети побара „отсуство“, изјави денеска претседателот на клубот од Неапол, Аурелио де Лаурентис, потврдувајќи го со тоа веројатното заминување на искусниот стратег.

„Спалети е слободен човек. Кога некој ќе ти дојде и ќе ти рече дека направил сè што можел и дека завршил една ера од неговиот живот … Ми рече дека би сакал да има една година одмор. Дали можеш да се противиш на тоа?, рече Лаурентис во изјава за италијанските медиуми.

„Сега е сосема на место (Спалети) да продолжи да го прави тоа што го сака“, додаде првиот човек на Наполи.

Спалети, кој на 64-годишна возраст највозрасниот тренер со освоено Скудето, досега ниту еднаш официјално не ги потврдил своите желби да го напушти Наполи, препуштајќи му на клубот тоа да го соопшти по завршување на сезоната.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Над 50 повредени во нередите во Звечан, едно лице со прострелна рана е во животна опасност 

Следно

Тухел останува во Баерн

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу
Go toTop