Повредени има и меѓу припадници на КФОР и меѓу граѓаните кои денеска се судрија пред општинската зграда во Звечан. Тие имаат различни видови повреди од шок бомби, солзавец и други предмети што беа фрлани за време на денешните нереди. Државниот секретар во српското министерство за одбрана Немања Старовиќ за РТС изјави дека за време на судирот во Звечан двајца Срби се ранети со огнено оружје, од кои еден, посочи тој, е во многу тешка состојба
Министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани соопшти дека денеска на Косово биле повредени 11 италијански војници од КФОР, од кои тројца потешко, но не се во животна опасност
Повеќе од 53 лица се повредени во денешните насилства пред општина Звечан на северот на Косово, во кои припадниците на КФОР употребија солзавец за растерување на толпата граѓани, кои возвратија со камења, стаклени шишиња и други предмети.
Тројца од повредените се задржани во болница, а едно лице со прострелна рана од огнено оружје е во животна опасност, изјавил директорот на Клиничкиот болнички центар во Косовска Митровица Златан Елек за Н1.
Најголем дел од повредените, според директорот на болницата, имаат различни видови повреди од шок бомби, солзавец и удари од предмети.
Државниот секретар во српското министерство за одбрана Немања Старовиќ за РТС изјави дека за време на судирот во Звечан двајца Срби се ранети со огнено оружје, од кои еден, посочи тој, е во многу тешка состојба.
Претходно репортерот на српскиот национален радидифузен сервис јави дека повредени има од двете страни инволвирани во судирите и меѓу припадниците на КФОР и меѓу демонстрантите. Попладнево во Звечан повремено се слушале детонации и истрели од огнето оружје, јави РТС.
Министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани соопшти дека денеска на Косово биле повредени 11 италијански војници од КФОР, од кои тројца потешко, но не се во животна опасност.
„Сакам да изразам солидарност со војниците на мисијата КФОР кои беа повредени на Косово за време на конфликтот меѓу српските демонстранти и косовската полиција. Меѓу нив има 11 Италијанци, од кои тројца се во тешка состојба, но нивните животи не се загрозени. Италијанската армија продолжува да се залага за мир“,
напиша Тајани на Твитер.
Voglio esprimere solidarietà ai militari della missione KFOR rimasti feriti in Kosovo durante gli scontri tra manifestanti serbi e polizia kosovara. Tra di loro 11 italiani di cui 3 in condizioni serie ma non in pericolo di vita. I militari 🇮🇹 continuano ad impegnarsi per la pace
— Antonio Tajani (@Antonio_Tajani) May 29, 2023
Ситуацијата сега донекаде смирена, но во Звечан сè уште има насобрани граѓани. Влезот во зградата на општина Звечан сега го обезбедуваат војници од полискиот контингент на КФОР.
Припадниците на КФОР утрово беа распоредени пред општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, каде граѓани и денеска излегоа на протести во обид да ги спречан новите градоначалници на општините да ги преземат функциите по вонредните локални избори што се одржаа на 23 април, а кои беа бојкотирани од српското мнозинско население.
За разлика од Звечан, во Лепосавиќ и Зубин Поток денеска немаше тензии, а граѓаните се разотидоа и најавија нов собир за утре, јавуваат српските медиуми.
Квинта: Градоначалниците да не работат од општинските згради
Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховенијер, по средбата на претставниците на Квинтата ( петорката земји: САД, Италија, Германија, Обединетото Кралство и Франција) со косовскиот премиер Албин Курти изјави дека земјите од Квинтата веруваат дека најдобро би било новоизбраните градоначалници на општините на север да не работат од општинските згради на краток рок, јавува Репортери.
„Се договоривме дека ситуацијата треба да се деескалира, но не знам дали можам да кажам дека има договор како ќе се случи таа деескалација. САД веруваат, а јас зборувам и во име на моите колеги, дека не е неопходно избраните претседатели на општините на северот да одат на работа. Всушност, на краток рок препорачуваме тоа да не се случува“,
рече Ховенијер.
Според него, препораката на САД е градоначалниците да не работат од општински згради, туку од други згради, пренесува Косово онлајн.
„Како што владата им дозволи да полагаат заклетва во други згради, за да се избегнат конфликти, ние исто така мислиме дека тоа е вистинскиот начин да се направи тоа“,
додаде Ховенијер.
Американскиот амбасадор во Косово во објава на Твитер, соопшти дека САД најостро ги осудуваат насилните акции на демонстрантите во Звечан, вклучително, како што наведува, употребата на експлозиви против припадниците на КФОР.
Тој го повтори повикот на САД за итен прекин на насилството или дејствијата кои поттикнуваат тензии и промовираат конфликт.
„САД силно ги осудуваат насилните акции на демонстрантите денеска во Звечан, вклучително и употребата на експлозиви, против војниците на КФОР кои сакаат да го зачуваат мирот“, напиша Хонвијер.
The U.S. strongly condemns the violent actions of protesters in Zvecan today, including the use of explosives, against @NATO_KFOR troops seeking to keep the peace. We reiterate our call for an immediate halt to violence or actions that inflame tensions or promote conflict.
— Ambassador Jeff Hovenier (@USAmbKosovo) May 29, 2023
Вјоса Османи: Одговорни за насилствата се илегалните српски структури
За насилствата косовската претседателка Вјоса Османи денеска ги обвини, како што рече, илегалните српски структури кои ги извршуваат наредбите на српскиот претседател Александар Вучиќ. Како што рече, тие се одговорни за нападите врз косовската полиција, припадниците на КФОР и на новинарите.
„Сите треба да ги осудат овие неприфатливи акти на насилство. Оние кои ги извршуваат наредбите на српскиот претседател Александар Вучиќ за да го дестабилизираат северот на Косово мора да бидат изведени пред лицето на правдата“,
рече Османи, пренесува Н1.
Нападнати новинари
Досега, како што соопшти организацијата „Безбедни новинари“ (Safe Journalists), се документирани вкупно седум инциденти со напади врз новинари и медиумски персонал во градовите лоцирани на северот на Косово, пренесува Н1.
За време на настаните новинарите, според организацијата, биле оневозможени кредибилно и без пречки да ја извршуваат својата работа.
Според извештаите цел на физичка агресија и на уништување и вандализам на нивната опрема биле новинарите од редакциите на порталот Перископи, Теве 1, Дукаѓини, Калко и Топ чанел.
Автомобилот на Теве 1 бил гаѓан со камења и боја, а потоа запален.
Извор: 360stepeni.mk