Киев алармира дека на фронтот може да се појават 500.000 Руси

January 16, 2023
1 min read

Украинските власти бараат од Западот веднаш да реагира и да ги испрати бараните стотици тенкови и оклопни возила, бидејќи Герасимов, новиот командант на сите руски сили во Украина, се подготвува за ангажирање на 150.000 резервисти што беа мобилизирани есенва.

Рускиот залет се должи на успехот што го има во Соледар, инаку целосно небитно гратче од 10.000 жители во близина на Бахмут, за кој дадоа илјадници жртви. Балансот на жртви не беше ништо помилозлив ни на украинска страна.

„Во руските регионални центри за регрутација се случуваат сериозни подготовки.

Кремљ има спроведено свои анкети кои покажуваат дека просечниот Русин е анкциозен околу војната, ама исто така не е подготвен да толерира пораз,“ изјавил неименуван западен функционер за британски Телеграф.

Моментално бројот на војници што Русија и Украина го имаат на фронтот е израмнет, а западните функционери проценуваат дека на Герасимов ќе му требаат три пати повеќе војници отколку што имаат Украинците за да почне да освојува територија наместо само да ја брани.

Додека Британија најави дека ќе испрати 14 Челенџер 2 тенкови, а Полска уште толку Леопард 2 тенкови, првиот човек на вооружените сили на Украина, генерал Залужниј, тврди дека на Киев во моментов му требаат најмалку 300 тенкови и уште 600 до 700 оклопни возила за да ја врати целата своја територија и да ја порази Русија.

Бројката што ја бара Залужниј и во дел од Западните престолнини не се смета за „неразумна“. Така британскиот генерал Ричард Баронс, порача дека 14 Челенџер 2 тенкови се доволни за да се освои „ова или она село, ама не и двете“. Според него најдобрата верзија е Украинците да почекаат до следната година и да ја создадат најголемата можна офанзивна војска со 500 тенкови, што би било „гејм овер“ за Русите, меѓутоа признава дека во реален свет тоа не е изводливо и Украинците немаат толку време за чекање.

Воените експерти со кои разговара Телеграф веруваат дека на пролет Русија ќе започне со офанзива на неколку страни, за да го олесни притисокот на украинската војска врз Доњецк и Луганск. Претпоставката е дека еден од нападите овој пат ќе тргне на север од Белорусија, а друг за прв пат ќе биде врз Одеса. Западните експерти не очекуваат дека овие офанзиви ќе успеат да и донесат нови територии на Русија, но затоа значително ќе ги истоштат украинските ресурси кои сега се фокусирани на Донбас.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Уште три проекции на „Мими“ на Даријан Пејовски во Кинотека на барање на публиката

Следно

(ВИДЕО) Што точно кажа Ахмети за Телма и Алфа?

Latest from Blog

Се урна покрив на супермаркет во Германија, тешко повредени две лица

При уривањето на покривот на супермаркет во Лауринген, во германската покраина Баден-Виртемберг, повредени се четири лица, од кои две се во тешка состојба, соопшти локалната полиција. Во моментот на уривањето, во продавницата

ВМРО-ДПМНЕ: Раст на БДП од 3,4 отсто во вториот квартал, градежништвото порасна за 7,3, а транспорт и складирање за 6 отсто

Економијата се стабилизираше, запрен е слободниот пад и економскиот пустош наследен од СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Со ВМРО-ДПМНЕ на власт веќе почна постепеното заживување и развој на целокупното стопанство, стои во соопштението

Гатузо ги „разбудил“ своите играчи на полувреме со шлаканици

FOTO FOOT MERCATO Фудбалската репрезентација на Италија дебитираше против Естонија во рамките од тековните Мундијалски квалификации со Џенаро Гатузо како селектор. Контроверзниот тренер секогаш со себе носи и интересни приказни за однесувањето

Здравствената состојба на Брус Вилис се влошува- актерот веќе не ги препознава членовите на семејството

На 70 години, актерот живее со фронтотемпорална деменција (FTD), прогресивно мозочно нарушување кое го трансформираше неговиот живот и ја преобликува реалноста на неговото семејство. Во март 2022 година, семејството на Вилис откри
Go toTop