Сирија: Израел истрела ракети во околината на Дамаск, ние ги соборивме

May 29, 2023
1 min read

Израел со години ја ракетира Сирија, тврдејќи дека напаѓа цели поврзани со Иран. Влијанието на Техеран во земјата разурната од војна се зголеми откако застана на страната на претседателот Башар ал Асад во конфликтот во 2011 година

Сириските државни медиуми објавија дека противвоздушната одбрана на земјата вчера се соочила со израелски ракетен напад во околината на главниот град Дамаск. Според извештаите, немало жртви.

Повикувајќи се на извор од сириската армија, државните медиуми пишуваат дека Сирија била нападната од правец на окупираната Голанска висорамнина и дека на мета биле неколку цели кои тие не ги идентификувале.

„Нашата противвоздушна одбрана се соочи со ракетите на агресорот, соборувајќи неколку од нив само со материјална штета“,

тврди воен извор.

Израел со години ја ракетира Сирија, тврдејќи дека напаѓа цели поврзани со Иран. Влијанието на Техеран во земјата разурната од војна се зголеми откако застана на страната на претседателот Башар ал Асад во конфликтот во 2011 година.

Израелски воени експерти посочуваат дека целта на нападот е да се запре растечкото воено присуство на Иран во Сирија.

Борците поврзани со Иран, вклучително и од Хезболах, сега контролираат области на исток, југ и северозапад од Сирија, како и неколку предградија околу Дамаск, пишува Ројтерс.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Скамака на местото на Влаховиќ во Јувентус

Следно

(ВИДЕО) Нови тензии на северот на Косово: Полицијата со солзавец растеруваше граѓани, врие од припадници на КФОР

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop