Азербејџанскиот претседател Алиев со честитка до Ердоган за победата на изборите

May 28, 2023
1 min read

БАКУ (АА) – Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, преку телефонски разговор му ја честиташе победата на претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори, пренесува Анадолу.

Според соопштението на Претседателството на Азербејџан, Алиев рече дека оваа победа ја смета како знак на довербата на турскиот народ во политиките на Ердоган, изразувајќи уверување дека сеопфатниот развој на Туркије ќе продолжи и во наредните години под водство на Ердоган.

Алиев му посака на претседателот Ердоган нови успеси во неговите активности за благосостојба на турскиот народ и развој на земјата.

Ердоган му се заблагодари и на азербејџанскиот колега му честиташе по повод Денот на независноста на Азербејџан.

Алиев го покани и турскиот претседател во Азербејџан.

Изразувајќи уверување дека пријателските и братските односи меѓу двете земји ќе продолжат успешно да се развиваат на сите полиња, двајцата лидери разговараа и за прашањата за соработката меѓу двете земји во оваа прилика.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најважното видео што ќе го видите оваа година

Следно

Зеленски со честитка до Ердоган за победата на изборите

Latest from Blog

Кубанците го откажаа годишниот фестивал на пури

Организацискиот комитет на Фестивалот дел Хабано објави дека овогодинешното издание, кое требаше да се одржи кон крајот на февруари, е откажано. Одлуката е донесена поради „сложената економска ситуација“ со која се соочува

Какво ќе биде времето утре и во следните денови?

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -1
Go toTop