Ердоган победи на претседателските избори, потврди Изборната комисија на Турција

May 28, 2023
1 min read

Прелиминарните резултати од 99,4 отсто обработени гласови говорат дека Ердоган го победи Киличдароглу со околу 2,2 милиони гласа разлика. Претседателот на Изборната комисија на Турција соопшти дека Ердоган е избран за претседател со освоени 52,1 отсто од вкупниот број на обработени гласови. Неговиот опозициски опонент, Кемал Киличдароглу, пак, освоил 47,8 отсто од гласовите

Актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган победи во вториот круг од претседателските избори и е реизбран за претседател на Република Турција во наредните пет години.

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Ова вечерва го соопшти претседателот на Врховната изборна комисија на Турција, Ахмет Јенер, офцијално објавувајќи ги прелиминарните резултати од речиси сите преброени гласови од вториот круг од изборите.

Претседателот на Изборната комисија, кого го цитира Би-би-си, соопшти дека Ердоган е избран за претседател со освоени 52,1 отсто од вкупниот број на обработени гласови. Неговиот опозициски опонент, Кемал Киличдароглу, пак, освоил 47,8 отсто со речиси сите преброени гласачки ливчиња во вториот круг од изборите.

Прелиминарните резултати говорат дека Ердоган го победи Киличдароглу со околу 2,2 милиони гласа разлика.

Според досега обработените 99,4 отсто од вкупниот број на гласачки ливчиња, актуелниот претседател на Турција освоил 27 513 587 гласови, а неговиот опозициски противкандидат освоил 25 260 109 гласа.

Ердоган ја прогласи победата на претседателските избори уште пред Врховната изборна комисија на Турција да го соопшти официјалниот изборен резултат.

Тој им се обрати на своите приврзаници, кои во голем број се собраа пред неговата резиденција во Истанбул, заблагодарувајќи им се што му ја дале одговорноста да владее во следните пет години.

Откако пееше качен на автобус, тој ѝ се заблагодари на нацијата што на Турција ѝ дала „Ден на демократијата“, а својот противкандидат Кемал Киличдароглу го поздрави со зборовите „Збогум Кемал“.

Меѓу првите кои му ја честитаа победата беа унгарскиот премиер Виктор Орбан, српскиот претседател Александар Вучиќ, но и претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Макрон со честитка до Ердоган за реизборот: „Ќе продолжиме да одиме напред заедно“

Следно

Најважното видео што ќе го видите оваа година

Latest from Blog

АНЃУШЕВ ЗА BLOOMBERG: МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ЈА СКЛАДИРА ЕВТИНАТА СТРУЈА ВО БАТЕРИИ И ДА ЈА ИЗВЕЗУВА КОГА ЦЕНИТЕ СЕ ПОВИСОКИ

Македонија треба забрзано да ги зголемува капацитетите за складирање електрична енергија преку инсталирање повеќе батериски системи, со што ќе може да ја складира струјата во периодите кога е евтина, а да ја

Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме системот за контрола и одговорно управување со јавните средства

29 август 2026 година, Скопје – Силните институции и одговорното управување со јавните средства се темел на довербата на граѓаните, а ревизијата е еден од клучните механизми за обезбедување контрола, отчетност и спречување

БулМак го одбележа Денот на рударите и десетгодишниот јубилеј

БулМак свечено го одбележа 28 Август – Денот на рударите, заедно со десетгодишниот јубилеј од повторното отворање и обновувањето на производството во рудниците „Тораница“ и „Злетово“. Настанот, кој се одржа на Градскиот

Компани: Сакаме да продолжиме со она што го правевме во последните години

Главниот тренер на Баерн Минхен, Винсент Компани, изрази задоволство од победата на својот тим над Штутгарт, но брзо го намали притисокот и ги потсети своите играчи дека сезоната штотуку започнува. Белгискиот специјалист

Кина забрани објавување на оваа снимка од катастрофата, а веќе го обиколи светот (ВИДЕО)

Поројот однесе сè пред себе додека стотици луѓе бегаа за да си го спасат животот. Сцените снимени од камерите за надзор брзо се проширија на социјалните мрежи и телевизиските екрани, но не
Go toTop