(ВИДЕО) Уставните измени треба да се донесат до крајот на годинава, порачува Агелер

May 28, 2023
2 mins read

Денеска и холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, во интервју за Радио Слободна Европа порача дека ако Преамбулата на Уставот се смени, тогаш втората фаза од преговорите е автоматска и не може да има вето таму. Тој додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ ризикува да биде одложено членството во ЕУ за најмалку три-четири години

Јасна е изјавата на американскиот сенатор Крис Марфи, кој во петокот од Скопје предупреди дека неспроведувањето на уставните измени ќе влијае на односите меѓу двете земји, кажа денеска амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер. Таа порача дека уставните измени треба да се изгласаат до крајот на годинава.

„Нема да навлегувам и да ја толкувам изјавата на сенаторот Марфи, меѓутоа, сметам дека тој беше навистина јасен. Сметам дека е важно да се донесат тие тешки одлуки до крајот на годината, затоа што, доколку тоа не се направи, сигурно ќе има луѓе во САД, во Белата куќа, но и наши законодавци, кои ќе се прашуваат колкава е посветеноста на вашата земја во однос на евроатланските интеграции и европскиот пат. Затоа јас едноставно не би сакала да ја толкувам неговата изјава, но ја поддржувам и ја разбирам“,

рече Агелер, која заедно со министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска присуствуваше на отворен ден во Кавадарци, организиран во рамките на вежбата „Брз одговор 23“.

На новинарско прашање за евентуалната средба Ковачевски – Мицкоски и можен исход во однос на уставните измени, Агелер кажа дека не е запознаена за такво нешто.

„Не сум запознаена за состанокот. Во секој случај, јас ги поддржувам дискусиите меѓу сите чинители од општеството. Се надевам дека ќе бида плодни. Јас имам можност да се среќавам со преставници од Владата, но и други и сметам дека дијалогот е секогаш патот напред и секогаш е начинот на кој сите тешки прашања се разрешуваат“,

кажа Агелер.

Вчера премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, најави дека во наредните десетина дена планира да го покани претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на заедничка средба на која би се разаговарало за две теми.

Првата – рече Ковачевски – ќе биде во врска со носењето на одлуките кои се потребни за интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Во фокус на втората тема, пак, како што кажа, би било усогласувањето на ставовите во врска со односите со сите соседи на државава.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски експресно ја прифати понудата, но, освен за националните интереси, како што кажаа од неговата партија, на средбата треба да се разговара и што ќе се прави по неуспешното спроведување на измените во Уставот.

Во меѓувреме, холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп, денеска во интервју за Радио Слободна Европа порача дека ако Преамбулата на Уставот се смени, тогаш втората фаза од преговорите е автоматска и не може да има вето таму. Тој додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ ризикува да биде одложено членството во ЕУ за најмалку три-четири години.

„Ако ги слушате ВМРО-ДПМНЕ, ќе забележите дека таа партија нема проблем со содржината на овој договор. Па што е тоа што ги натера да бидат надвор од ова, тоа нема врска со Бугарија. Некои луѓе од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе преговараат за подобар договор. Тоа се бесмислици. Нема подобар договор од овој. Овој е апсолутно најдобриот договор што Северна Македонија можеше да го добие. Според мене, ова што се случува е тоа што ВМРО-ДПМНЕ ризикува да биде одложено членството во ЕУ за најмалку три, четири години и мислам дека тоа не е добар начин на однесување и може да биде разочарувачки, ако тоа се случи. Сега е моментот“,

кажа Коп за РСЕ.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лутон ќе игра на стадион со најмал капацитет во историјата на Премиер лигата

Следно

Заврши гласањето во вториот круг од претседателските избори во Туркије

Latest from Blog

Слепиот послушник и потрчко на Заев сега на услуга на Филипче, Аврамовска Мадиќ ги изготви славните измени на КЗ за спас на криминалците од СДС и ДУИ

Во СДС ништо не е сменето. И покрај смените на хартија на два претседатели, со СДС сè уште владее Зоран Заев. Тоа се гледа и од последниот избор за претседател на СДС,

Шилегов со песната „Во бестрага“ го коментираше новото раководство на СДСМ

Екс градоначалникот на Град Скопје и дел од СДСМ, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави реакција по повод Централниот конгрес на СДСМ каде е избрано ново раководство. Тој ја објави песната
Go toTop