Вонреден надзор во КПД Идризово по бегството на Беким Мемети

January 16, 2023
1 min read

Управата за извршување на санкциите на 13-ти овој месец спроведе вонреден стручен надзор во КПД Идризово со цел да се утврдат сите околности кои довеле до тоа да се случи бегството на осуденото лице Беким Мемети, информираат денеска од Министерството за правда.

Со оглед на фактот, како што велат од Министерството за правда, што учесниците во настанот кои се припадници на затворската полиција (освен повредениот затворски полицаец) уште во текот на ноќта морале да се упатат во просториите на надлежниот сектор на МВР, а со нив и Командирот на одделение кој го координира настанот, службените лица од Управата не биле во можност со истите да разговараат, туку за текот на настанот беа информирани од директорот на КПД Идризово и од Заповедникот на затворската полиција во оваа установа.

-Со ова соопштение сакаме да нотираме во кој дел не е постапено во согласност со Правилникот за овластувањата на затворската полиција, начинот на вооружување и вршење на работите на затворската полиција врз основа на кој е пропишана и постапката за спроведување вон установата, истакнуваат од Министерството за правда.

Како што е наведено во соопштението, за да биде едно осудено лице спроведено за интервенција до здравствена установа, за неговата здравствена состојба мора да се подготви упат од здравствен работник, т.е. лекар во установата, или вон работното време со констатација и напатствие дадено од екипа на итна медицинска помош која во овој случај не била повикана.

-Одлуката за да може осудениот да биде спроведен до Клинички центар ја донел Командирот на одделение и ја потпишал Наредбата за да се изврши спроводот. За да ја потпише оваа наредба Командирот мора претходно да го извести директорот на установата, што во овој случај не е направено, а директорот откако ќе биде запознаен со здравствениот проблем усно ќе даде овластување наредбата да биде потпишана, посочуваат од Министерството за правда.

Следното правило што не е испочитувано, како што е посочено во соопштението, е што осуденото лице наместо да биде сместено во специјално обезбедениот дел од возилото, истото по предлог на командирот било сместено во вториот дел на седиштата помеѓу два припадника на затворската полиција.

– Притоа, затворскиот полицаец кој седел до осуденото лице воопшто немал со себе огнено оружје кое бил должен да го носи, а вториот затворски полицаец од кого е одземен пиштолот со кој е пукано во возилото, не се однесувал со должно внимание и не го спречил дејствието при кое пиштолот му е одземен, се додава во соопштението.

Управата за извршување на санкциите информира дека Командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот со одлука на директорот на КПД Идризово, истиот ден се суспендирани од своите работни места. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Анкета: Развиениот свет стравува од иднината

Следно

Мигрантското прашање во фокусот на надлежните министри од Грција и Бугарија

Latest from Blog

МЗ потпишало договор со уште лекари од скопските клиники за лекување на повредените од Кочани

Истрагата за големата трагедија во Кочани и понатаму причина за серија прес-конференции. Опозициската СДСМ и денес со обвинувања кон власта. Доволно време помина, институциите не си ја завршија својата работа, институциите на

Илјадници сириски бегалци се враќаат дома по падот на режимот на Асад

ИДЛИБ/ИСТАНБУЛ (АА) – По години поминати во страдање и тешки услови во бегалски кампови, илјадници сириски цивили почнаа да се враќаат во својата татковина откако во земјата се воспоставени мир и безбедност

Нов обид за една изборна единица – партиите начелно согласни, но секој излегува со свои предлози

Нов обид на помалите политички партии за промена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи. Претседателката на Либерално демократската партија Моника Зајкова за Тв21 изјави дека денеска го поднеле

Избегната огромна трагедија во Србија: Целосно изгоре автобус во кој се превезувале деца

Автобус полн со ученици од основно училиште, денеска се запалил кај местото Криви Вир во близина на Боњевац во Србија, пренесува порталот Нова.рс. Снимките од лице место покажуваат дека автобусот целосно изгорел,

Во Србија се запали автобус полн со ученици од основно училиште, нема повредени

Автобус полн со ученици од oсновното училиште „Никодије Стојановиќ Татко“ од Прокупље се запали денеска во близина на Бољевац, 210 км јужно од Белград. Нема повредени деца, а автобусот целосно изгорел. Децата
Go toTop