КИЕВ (АА) – Еден цивил загина во масовниот напад изведен со беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев, изјави градоначалникот на градот, пренесува Анадолу.
Еден 41-годишен маж загина, додека 35-годишна жена е повредена во областа Соломијански, изјави Виталиј Кличко на социјалната мрежа Телеграм.
Кличко напиша дека противвоздушната одбрана на Киев соборила „повеќе од 20 беспилотни летала“ што се упатиле кон Киев.
Тој ги замоли жителите да останат во засолништата, велејќи: „Нападот е масовен!“
Извор: www.aa.com.tr