Ученици од „Рибникар“ на гости кај фудбалерите на Црвена Ѕвезда

May 27, 2023
1 min read

Наставата до крајот на учебната година во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, каде што пред дваесетина дена се случи масовно убиство, ќе може да ја следат само учениците чии родители изразиле желба за тоа. Притоа, секој родител ќе може да ја промени својата одлука во согласност со моменталните чувства на своето дете

Фудбалскиот клуб Црвена звезда беше домаќин на деца од белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, каде што на почетокот на месецов, 13. годишен ученик застрела девет негови врсници, како и училишниот чувар.

„Црвена Ѕвезда беше домаќин на децата од основното училиште ‘Владислав Рибникар’, на финалето на Купот на Србија. Со времето поминато заедно по натпреварот, нашите фудбалери и сите од клубот со освоената трета двојна круна, се обидоа на децата да им ја вратат насмевката на лицата и да им пружат поддршка во тешките денови“,

соопштија од клубот.

Старо-новиот шампион на Србија и освојувачот на третата последователна тројна круна го очекува уште мечот со ФК Нови Пазар, кога Звезда ќе ја прослави титулата, вкупно 34-та.

Навивачите за тој натпревар однапред најавија дека ќе прослават само на стадионот „Рајко Митиќ“ и дека нема да има вообичаено славје по белградските улици, токму поради трагедијата која се случи во „Рибникар“.

Наставата до крајот на учебната година во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, каде што пред дваесетина дена се случи масовно убиство, ќе може да ја следат само учениците чии родители изразиле желба за тоа. Притоа, секој родител ќе може да ја промени својата одлука во согласност со моменталните чувства на своето дете.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Матурантка од Охрид извиси за денешното полагање, гимназијата ќе ѝ овозможи да полага во августовската испитна сесија

Следно

Пендаровски со правниот тим ќе ги разгледува законските измени за изградба на коридорите

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop