По препорака од Вучиќ, сопственикот на ТВ Пинк најави дека ќе го укине реалното шоу „Задруга“

May 27, 2023
1 min read

Сопственикот на телевизијата во објава на Твитер напиша дека оценката на претседателот на државата е поважна од интересот на ТВ Пинк и од неговиот личен интерес. Затоа, како што соопшти, донел одлука за укинување на реалното шоу „Задруга“ што е можно поскоро

Сопственикот на српската телевизија Пинк, Жељко Митровиќ, најави дека во наредните десетина дена ќе го откаже реалното шоу „Задруга“, кое се емитува на оваа телевизија. Ваквата одлука, како што соопшти Митовиќ, ја донел по препорака на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Жељко Митровиќ, сопственик на ТВ Пинк
Фото: Н1

Сопственикот на телевизијата во објава на Твитер напиша дека оценката на претседателот на државата е поважна од интересот на ТВ Пинк и од неговиот личен интерес.

„На препорака на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, донесов одлука да ја откажам реалити програмата ‘Задруга’ што е можно поскоро, не подолго од десет дена. Верувам дека единството на Србија и оценката на претседателот се поважни од секаков вид на интерес на ТВ Пинк или мој личен интерес“,

напиша Жељко Митровиќ на Твитер.

Српските медиуми објавија дека претседателот Александар Вучиќ пред неколку дека изјавил дека во разговор со сопственикот на телевизијата Пинк го замолил да ја разгледа можноста за укинување на реалното шоу.

Укинување на реалити програмата „Задруга“ беше побарано и на масовните протести во Белград, кои беа организирани по двете масовни убиства кои овој месец се случија во Србија. Беа изработени и транспаренти со имиња на медиуми за кои демонстрантите кажаа оти промовираат говор на омраза и насилство.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ќе ни земаат ли ДНК од воздух?

Следно

Утрово во Косово мирно, КФОР ја следи ситуацијата

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop