Вонреден надзор во КПД Идризово

January 16, 2023
1 min read

Управата за извршување на санкциите на 13.01.2023 година спроведе вонреден стручен надзор во КПД Идризово со цел да се утврдат сите околности кои довеле до тоа да се случи бекството на осуденото лице Беким Мемети, за кој настан информиравме уште во текот на истиот ден, односно на 13.01.2023 година, информираат од МВР.

-Со оглед на фактот што учесниците во настанот кои се припадници на затворската полиција (освен повредениот затворски полицаец) уште во текот на ноќта морале да се упатат во просториите на надлежниот сектор на МВР, а со нив и Командирот на одделение кој го координира настанот, службените лица од Управата не беа во можност со истите да разговараат, туку за текот на настанот беа информирани од директорот на КПД Идризово и од Заповедникот на затворската полиција во оваа установа.

Со ова соопштение сакаме да нотираме во кој дел не е постапено во согласност со Правилникот за овластувањата на затворската полиција, начинот на вооружување и вршење на работите на затворската полиција врз основа на кој е пропишана и постапката за спроведување вон установата.

Имено, за да биде едно осудено лице спроведено за интервенција до здравствена установа, за неговата здравствена состојба мора да се подготви упат од здравствен работник, т.е. лекар во установата, или вон работното време со констатација и напатствие дадено од екипа на итна медицинска помош која во овој случај не била повикана. Одлуката за да може осудениот да биде спроведен до Клинички центар ја донел Командирот на одделение и ја потпишал Наредбата за да се изврши спроводот. За да ја потпише оваа наредба ,Командирот мора претходно да го извести директорот на установата, што во овој случај не е направено, а директорот откако ќе биде запознаен со здравствениот проблем усно ќе даде овластување наредбата да биде потпишана.

Следното правило што не е испочитувано е што осуденото лице наместо да биде сместено во специјално обезбедениот дел од возилото, истото по предлог на командирот било сместено во вториот дел на седиштата помеѓу два припадника на затворската полиција. Притоа, затворскиот полицаец кој седел до осуденото лице воопшто немал со себе огнено оружје кое бил должен да го носи, а вториот затворски полицаец од кого е одземен пиштолот со кој е пукано во возилото, не се однесувал со должно внимание и не го спречил дејствието при кое пиштолот му е одземен.

Управата за извршување на санкциите информира дека Командирот на одделение и припадниците на затворската полиција кои го вршеле спроводот со одлука на директорот на КПД Идризово, истиот ден се суспендирани од своите работни места, додаваат од МВР.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кремљ негира дека Русија гаѓала станбена зграда во Дњепар

Следно

Бугарските социјалисти добија мандат да формираат влада

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop