Непознат маж му пријде и го прегрна Шолц, според германските медиуми станува збор за голем пропуст на обезбедувањето

May 26, 2023
1 min read

Никој не е повреден. Лицето е уапсено од федералната полиција на аеродромот во Франкфурт без да дава отпор, вели во изјава за германски „Билд“ портпаролката на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција (БКА)

Непознат маж на 48-годишна возраст со својот автомобил се приклучил на конвојот возила во кој бил германскиот канцелар Олаф Шолц. Кога конвојот стигнал на аеродромот во Франкфурт непознатиот маж излегол од автомобилот и успеал да стигне до Шолц по што го зграпчил и го прегрнал.

По овој инцидент, за кој пишуваат германските медиуми, мажот бил уапсен.

„Никој не е повреден. Лицето беше уапсено од федералната полиција на аеродромот во Франкфурт без да дава отпор“,

вели во изјава за германски „Билд“ портпаролката на Федералната канцеларија за криминалистичка полиција (БКА).

Според извештајот, инцидентот се случил откако Шолц во средата бил одвезен до аеродромот од седиштето на Европската централна банка во Франкфурт заедно со министерот за финансии Кристијан Линднер.

Тие патувале во блиндирани лимузини, а полицајците на државната полиција на Хесен со патролни автомобили и мотоцикли го обезбедувале владиниот конвој. Телохранителите на канцеларот биле во два службени автомобили на Шолц.

Попатно, зад последното патролно возило одеднаш се појавил приватен автомобил. Зад воланот бил човек кој подоцна ќе тврди дека мислел дека се работи за голема семејна венчавка. Полицајците очигледно не го забележале автомобилот кој не бил дел од владиниот конвој.

Обезбедувањето на аеродромот во Франкфурт го пуштило да ја мине бариерата на патот до пистата, иако регистарската табличка не била однапред објавена како сите други. Колоната продолжила кон владиниот авион „Ербас А319“, пренесува „Телеграф“.

Сите членови на делегацијата се качиле во авионот, додека Шолц останал во автомобилот затоа што имал службен телефонски разговор кој траел неколку минути. Потоа Шолц излегол од лимузината сакајќи да и се заблагодари на полицијата која го обезбедувала и, како што често се случува, да се фотографира за спомен.

Додека канцеларот излегувал од автомобилот, непознатиот маж се упатил кон Шолц, му подал рака и го прегрнал. Дури во овој момент телохранителите и полициските службеници на БКА дознале за потенцијално опасната ситуација и го уапсиле човекот.

Кабинетот на канцеларот објави дека „за Олаф Шолц тоа не бил голем инцидент во конкретната ситуација, само изненадувачки топла прегратка“.

Германските медиуми наведуваат дека обезбедувањето на Шолц ја признало грешката и навеле „ова никогаш повеќе не смее да се повтори“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Авион безбедно слета во Јужна Кореја откако му се отворила вратата во текот на летот

Следно

Костадиновска-Стојчевска: Македонската сликовница има силни автори

Latest from Blog

Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва одигра нерешено, 25:25 со Турција во 2. коло на Европското првенство 2024. Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски лошо го отворија натпреварот и по 20-ина минути имаа негатива

Прекин на струја во Битола: Снегот предизвика дефекти, екипите на терен

ЕВН известува дека на подрачјето на општина Битола има прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации. Сите достапни екипи се на терен и веќе работат на санирање на дефектите. Издадени
Go toTop