Украински разузнавач: Се обидуваме да го убиеме Путин и тој тоа го знае

May 25, 2023
1 min read

Скибицки тврди дека украински агенти се обидуваат да го ликвидираат и сопственикот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, чии платеници се обвинети за бројни воени злосторства

Заменик-шефот на украинското воено разузнавање Вадим Скибицки изјави дека нивните агенти активно се обидуваат да го убијат Владимир Путин и дека рускиот претседател добро го знае тоа.

„Путин гледа дека му се приближуваме, но и се плаши дека неговите луѓе ќе го убијат. Многу луѓе во Русија сè уште ја поддржуваат оваа ‘специјална операција’, но благодарение на социјалните мрежи знаеме дека Русите се исплашени бидејќи многу нивни сонародници загинаа“,

изјави Скибицки за германски Велт, а пренесува хрватски Индекс.

Скибицки тврди дека украински агенти се обидуваат да го ликвидираат и сопственикот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, чии платеници се обвинети за бројни воени злосторства.

„Наш приоритет е да го елиминираме командантот на единицата кој им наредува на своите луѓе да нападнат. Се обидуваме да го убиеме Пригожин, но Путин е на врвот на нашата листа на убиства. Тој е број еден затоа што координира и одлучува што ќе биде“,

изјави Скибицки.

На прашањето дали пропагандистите, олигарсите и цивилите исто така ќе се сметаат за легитимни цели, Скибицки одговори потврдно.

„Ние сме во војна и ова се нашите непријатели. Ако некоја важна личност произведува и финансира оружје за Русија, елиминирањето на тоа лице би ги спасило животите на многу цивили. Според меѓународните конвенции тие се легитимна цел“,

рече Скибицки.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Лидерот на екстремистите осуден на 18 години затвор за нападот врз Капитол

Следно

Фреди Белери во затвор, ЦИК му го потврди мандатот за градоначалник на Химара

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop