Невреме во Гостивар: Поплавени домови и проблеми во сообраќајот

May 25, 2023
1 min read

Според информациите од Центарот за управување со кризи на бројот за итни повици биле примени повеќе пријави за поплавување на улици и куќи. Најмногу пријави за штети се стигнати од јужниот дел на општината, од населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште

Денешното невреме со пороен дожд и град во Гостивар, кое траеше околу 40 минути, предизвика краткотрајни проблеми во сообраќајот на одредени локации и поплавување на семејни домови.

„Како резултат на поројниот дожд кој го зафати подрачјето на општина Гостивар во село Беловиште, општина Гостивар, на главниот селски пат има излевање на водата која надоаѓа од планината и со неа носи кал и гранки. Вода се уште надоаѓа, а во понискиот дел од селото водата се задржува и оди во дворовите и куќите“,

соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите од Центарот за управување со кризи на бројот за итни повици биле примени повеќе пријави за поплавување на улици и куќи.

„На селскиот пат што води до ресторанот Дабов лад, има повеќе, но помали одрони на земја, а на патот има паднати дрва. Жителите работат на отстранување на наносите од земја и дрвја“,

додаваат од ЦУК.

Најмногу пријави за штети се стигнати од јужниот дел на општината, од населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште.

„Поплавена е улица Бањешница, општина Гостивар и има излевање на водата по патот од каналот кој не е исчистен. Од ЈКП ‘Комуналец’ од Гостивар е пратен багер за да го исчисти каналот за да се повлече водата по течението на каналот. После санација на каналот багерот и екипи на претпријатието ќе продолжат во санација на штета во селото Беловиште“,

информираат од ЦУК.

Од ЈКП „Комуналец“ од Гостивар со два багери и една пумпа за испумпување на вода и 12 пожарникари со две противпожарни возила во период од 15:40 до 16:35 часот, интервенирале во Градската болница-Гостивар, каде е решен проблемот со канализацијата и испумпана е водата.

За настанатата состојба од ЦУК велат дека се известени сите субјекти на локално ниво за да превземат мерки што се во нивна надлежност се со цел да се санираат последиците од поплавата.

Силен дожд со град попладнево околу 14 часот го зафати и Велес. Велешките главни и споредни улици во ниските делови од градот беа поплавени со вода поради високата конфигурација на градот и нерешената атмосферска канализација.

Движењето на сообраќајот по главните улици беше отежнато, а посебно на пешаците кои не можеа да ги преминат улиците од едната на другата страна.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Автомобил се заби во оградата од резиденцијата на британскиот премиер

Следно

Лидерот на екстремистите осуден на 18 години затвор за нападот врз Капитол

Latest from Blog

Поради величење на Ратко Младиќ: УЕФА ги казни Ц.Звезда и Борац Бања Лука

ФОТО:x.com/crvenazvezdafk Црвена звезда вечерва дозна лоши вести од УЕФА, а причината е одлуката на дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот поради однесувањето на навивачите на српскиот шампион за време на натпреварот

Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели

Програмата, која нуди низа попусти и бенефиции, беше лансирана во јули со цел жителите да станат амбасадори на градот, пишува Euronews. На учесниците им беа понудени бенефиции во вредност од повеќе од

Ливерпул доведе млад и талентиран французин

Досегашниот играч на екипата на Сент Етјен, Џилијан Нгесан е нов член на екипата на Ливерпул. Офанзивецот има 18. години и следните неколку месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер во тимот

Божиновска од SEEF2026 во Солун: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

Министерката Божиновска: Регионалната поврзаност, инвестициите и трансатлантската соработка се клучни за енергетската безбедност и конкурентност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува и се обрати на 10. Southeast Europe
Go toTop