Џефри Сакс: Војната во Украина беше испровоцирана и тоа e битно за да се дојде до мир

May 25, 2023
5 mins read

„Брилијантен синопсис на историскиот контекст за војната во Украина. Може ли некој да го прочита ова и сè уште да тврди, како што упорно повторува администрацијата на Бајден, дека инвазијата била „неиспровоцирана“?, пишува Роберт Ф. Кенеди Јуниор, споделувајќи ја колумната на Сакс. „Секако дека никој во администрацијата или надворешно-политичкиот естаблишмент не е толку неук. Знаат тие дека е испровоцирана, ама тие сакаа војна како дел од нивниот стратешки план да ја уништат секоја земја како што е Русија која се спротивставува на американската империјална експанзија. Само се преправаат дека мислат дека е неиспровоцирана. Нè лажат, за да произведат согласност за војна. Администрацијата нè вовлече во прокси војна со лажни изговори. Крвта на стотици илјади Украинци е на нивните раце, а да не зборуваме за над 100 милијарди долари од американските даночни обврзници“.

А Џефри Сакс го напиша ова:

Џорџ Орвел во „1984“ напиша: „Кој го контролира минатото, ја контролира иднината: кој ја контролира сегашноста, го контролира и минатото“. Владите неуморно работат на искривување на перцепциите на јавноста за минатото. Во врска со војната во Украина, администрацијата на Бајден и постојано и лажно тврдеше дека војната во Украина започна со неиспровоциран напад од Русија врз Украина на 24 февруари 2022 година. А всушност, војната беше испровоцирана од САД на начини кои водечки американски дипломати ги очекуваа децении пред војната, што значи дека војната можеше да се избегне и сега таа треба да се прекине преку преговори.

Признавање дека војната била испровоцирана ни помага да разбереме како да ја запреме. Тоа не ја оправдува руската инвазија. Далеку подобар пристап за Русија можеби ќе беше да ја засили дипломатијата со Европа и со незападниот свет за да го објасни и да се спротивстави на милитаризмот и унилатерализмот на САД. Немилосрдните напори на САД за проширување на НАТО наидоа на широк отпор низ целиот свет, така што руската дипломатија, попрво од војната, веројатно ќе беше ефикасна.

Екипата на Бајден непрестано го користи зборот „неиспровоциран“, и во главниот говор на Бајден на првата годишнина од војната, и на скорешниот самит на НАТО, и на средбата на Г7. Мејнстрим медиумите пријателски настроени кон Бајден папагалски ја повторуваат Белата куќа. Њујорк Тајмс е главниот папагал, опишувајќи ја инвазијата како „неиспровоцирана“ нajмалку 26 пати, во пет едиторијали, 14 колумни на луѓе од внатре и седум гостински авторски текстови!

Постоеја две главни американски провокации.

Првата беше намерата на САД да го прошири НАТО за да ја опколи Русија во регионот на Црното Море со земји на НАТО (Украина, Романија, Бугарија, Турција и Грузија). Втората беше улогата на САД во инсталирањето на русофобен режим во Украина со насилното соборување на прорускиот претседател на Украина, Виктор Јанукович, во февруари 2014 година. Војната во Украина започна со неговото соборување пред девет години, а не во февруари 2022 , како што американската влада, НАТО и Г7 би сакале да веруваме.

Бајден и неговиот тим за надворешна политика одбиваат да разговараат за овие корени на војната. Нивното признавање би ги  поткопало на три начини. Прво, тоа би го разоткрило фактот дека војната можела да се избегне или рано да се прекине, поштедувајќи ја Украина од сегашното уништување а САД од трошоците од над 100 милијарди долари. Второ, тоа ќе ја разоткрие личната улога на Бајден во војната како учесник во соборувањето на Јанукович, а пред тоа како гласен поддржувач на воено-индустрискиот комплекс и многу ран застапник за проширување на НАТО. Трето, тоа ќе го однесе Бајден на преговарачка маса, поткопувајќи го притисокот за проширување на НАТО.

Архивите непобитно покажуваат дека владите на САД и Германија постојано му ветувале на советскиот претседател Михаил Горбачов дека НАТО нема да се помести „ни една педа на исток“ кога Советскиот Сојуз го распушти Варшавскиот пакт. Сепак, плановите на САД за проширување на НАТО започнаа на почетокот на 1990-тите, многу пред Владимир Путин да стане претседател на Русија. Во 1997 година, експертот за национална безбедност Збигњев Бжежински со извонредна прецизност ја опиша временската рамка за проширување на НАТО.

Американските дипломати и самите лидери на Украина добро знаеја дека проширувањето на НАТО може да доведе до војна. Големиот американски и интелектуалец Џорџ Кенан, проширувањето на НАТО го нарече „судбоносна грешка“.

Секретарот за одбрана на Клинтон, Вилијам Пери, размислуваше да поднесе оставка во знак на протест против проширувањето на НАТО.

„Нашиот прв потег кон нè одведе во погрешен правец беше проширувањето на НАТО. Во тоа време, ние тесно соработувавме со Русија и тие почнаа да се навикнуваат на идејата дека НАТО може да биде пријател… а потоа им дојдовме до границите“.

Во 2008 година, тогашниот амбасадор на САД во Русија, сега директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, испрати телеграма до Вашингтон предупредувајќи на сериозните ризици од проширувањето на НАТО:

„НАТО аспирациите на Украина и Грузија за НАТО не само што допираат гол нерв во Русија, туку предизвикуваат сериозна загриженост за стабилноста во регионот. Не само што Русија гледа нејзино опколување туку стравува и од непредвидливи и неконтролирани последици кои сериозно би влијаеле на руските безбедносни интереси. Експертите ни велат дека Русија е особено загрижена дека силните поделби во Украина околу членството во НАТО, при што голем дел од етничко-руската заедница е против, би можеле да доведат до голем раскол, кој вклучува насилство, или, во најлош случај, граѓанска војна. Во тој случај, Русија ќе треба да одлучи дали да интервенира или не; одлука која Русија сака да ја одбегне“.

И украинските лидери кристално јасно знаеја дека притискањето за влез на земјата во НАТО ќе значи војна. Поранешниот советник на Зеленски, Олексиј Арестович, во интервју во 2019 година изјави дека  „нашата цена за влез во НАТО е голема војна со Русија“.

Во текот на 2010-2013 година, Јанукович туркаше неутралност,  согласно украинското јавно мислење. САД тајно работеа да го соборат Јанукович, како што е  доловено на снимката на тогашната помошничка државен секретар, Викторија Нуланд и американскиот амбасадор Џефри Пјат, кои ја планираа владата после Јанукович неколку недели пред насилното соборување на Јанукович. Нуланд јасно кажува дека тесно се координирала со тогашниот потпретседател Бајден и неговиот советник за национална безбедност Џејк Саливан; истиот тим Бајден-Нуланд-Саливан сега е во центарот на политиката на САД кон Украина.

По соборувањето на Јанукович, во Донбас избувна војна, а Русија се фати за Крим. Новата украинска влада се пријави за во НАТО, а САД ја вооружија и помогнаа на армијата да биде интероперативна со Алијансата. Во 2021 година, НАТО и администрацијата на Бајден се заколнаа во НАТО иднината на Украина.

Непосредно пред руската инвазија, проширувањето на НАТО беше во центарот на вниманието. Путиновиот нацрт-договор меѓу САД и Русија (17 декември 2021 година) повика на запирање на проширувањето. Руското лидерство го означија проширувањето како повик на војна на состанокот на рускиот Совет за национална безбедност од 21 февруари 2022 година. Во своето обраќање до нацијата истиот ден, Путин изјави дека проширувањето на НАТО е централна причина за инвазијата.

Во март 2022 година, Русија и Украина објавија напредок кон брз преговарачки крај на војната, врз основа на неутралност на Украина. Според Нафтали Бенет, поранешен премиер на Израел, кој беше посредник, работата била блиску до постигнување договор. Пред САД, Велика Британија и Франција да го блокираат.

Со признавање дека проширувањето на НАТО е во центарот на оваа војна, ќе сфатиме дека американското вооружување нема да стави крај на оваа војна. Русија ќе ескалира колку што е потребно за да го спречи НАТО во Украина. Клучот за мирот во Украина е преку преговори засновани на неутралноста на Украина и непроширувањето на НАТО. Инсистирањето на администрацијата на Бајден за проширување ја направи Украина жртва на погрешно замислени и неостварливи воени аспирации на САД. Време е провокациите да престанат и преговорите да го вратат мирот во Украина.

Џефри Д. Сакс

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ утре гостува во Приштина

Следно

Истражување на Преспа Институтот: Граѓаните ја сметаат Србија за најголем пријател, но и во топ три кои придонеле за демократијата и економијата

Latest from Blog

Трамп го угости извршниот директор на Мета, Закерберг, на вечера во неговиот клуб Мар-а-Лаго во Флорида

ИСТАНБУЛ (АА) – Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го угости извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, на вечера во неговото одморалиште Мар-а-Лаго во Флорида, објави „Си-би-ес њуз“, пренесува Анадолу. Средбата ги спои

Стојаноски: Наместо да работеа за подобрување на стандардот на граѓаните, СДС-ДУИ мислеа на богатење на својот џеб

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на седницата посветена за пратенички прашања, постави три прашања кон претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. За своето прво прашање, тој побара став од претседателот на

Гаши за уставните измени: Штом ќе има политички договор ние сме спремни да ја почнеме процедурата

На денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието, Африм Гаши нагласи дека законодавниот дом е подготвен да ја почне процедурата за донесување на уставните измени, доколку, како што рече, има политички договор.

Со „Избрани дела“ од Такит, се зголеми фондот книги преведени од латински на македонски

Од печат излезе нов превод од латински јазик во едицијата „Арго“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, со што се зголеми фондот на книги преведени од латински. Се работи за книгата „ИЗБРАНИ ДЕЛА“ од

Уште колку време компаниите ќе чекаат на парите од унгарскиот заем и кој ќе стигне до нив

Откако премиерот Христијан Мицкоски обзнани дека условите за парите од унгарскиот заем наменети за бизнис секторот се договорени со банките, интересот кај компаниите се зголемил, велат некои претставници на дел од коморите.
Go toTop