Промоција на две книги од Васко Шутаров, човекот чие „вјерују“ е културата

May 25, 2023
1 min read

По повод чествувањето на заштитникот на Гевгелија, христијанскиот празник Вознесение Христово – Спасовден, Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, под покровителство на Општина Гевгелија, организира богата културна програма, на која, на 26 мај (петок) во 20 часот, ќе бидат промовирани две книги од Васко Шутаров.

Книгите „Со зрно сол. И парче локум“ (карантински колумни) и „Кога Татковината станува чедо, а вистината борба“ на Васко Шутаров-политиколог, поранешен пратеник и дипломат, колумнист и професор на МИТ Универзитетот се збирки од колумни, објавени од книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје, a финансиски помогнати од Општина Гевгелија.

Промотори на книгите се Елка Јачева-Улчар, Бранко Цветкоски и Ирина Димовска.

Во рецензијата за неговата збирка карантински колумни, Јачева-Улчар ќе запише:

Она што остава посебен впечаток во колумните на Шутаров е неговата синтакса по која е препознатлив неговиот стил. Кажано со јазикот на синтаксичарите, Шутаров го разбива објективното реченично актуелно расчленување што ја подразбира линеаризацијата:  тема  + премин + рема, и прибегнува ту кон субјективната рема + премин + тема, ту кон рема + тема + премин. Токму последниов реченичен редослед е она што ја прави  раскажувачката постапка на Шутаров особена и впечатлива, а на неговото четиво му дава извесен динамизам што придонесува кон тоа актуелните и мудри колумни на овој автор да се читаат во еден здив или кажано метафорично: како чашка жесток (интелектуален) пијалак испиен одеднаш до последна капка.

Авторот на оваа збирка колумни Васко Шутаров е доктор по политички науки и со значаен број активно поминати години во политиката, како парламентарната така и дипломатската. И во тој контекст, неговиот интерес за актуелните политики на меѓународен и на домашен план, е сосема разбирлив. Но читајќи ги неговите колумни, разбирам дека неговото „вјерују“ е, сепак културата. И кога пишува за актуелни политички настани, за здравствени проблематики, за еколошки или за образовни проблеми, а посебно за неговите омилени теми поврзани со креирањето културни политики и културна дипломатија, рамката за негова опсервација е секогаш културолошкиот контекст на случување на нештата. И од таа рамка, изнедруваат сознанија кои можат несомнено да бидат не само корисно четиво за читателите на неговите колумни, туку и корисен потсетник за сите кои во моментов или во иднина ќе креираат политики.

Настанот се организира во просториите на Хотел „Аполонија“ во Гевгелија.

 

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пригожин објави дека единиците на „Вагнер“ се повлекуваат од Бахмут: Ќе се заменат со редовните руски трупи

Следно

На Гутереш не му се по мерак ни Советот за безбедност, ни Бретон вудс

Latest from Blog

Стотици студенти на францускиот „Сајанс По“ на протест за поддршка на Палестина

СКОПЈЕ (АА) – Стотици студенти на Универзитетот „Сајенс По“ во Париз, Франција, организираа протест, окупирајќи делови од главниот кампус на универзитетот во знак на револт поради врските на институцијата со израелските академски

Во која земја е најевтино, а во која најскапо горивото? Литар бензин во оваа држава чини само 1,7 денари

Во април 2025 година, цените на горивата значително варираат низ целиот свет, како одраз на економските, политичките и географските специфичности на одделни земји. На врвот на листата на најскапо гориво е Хонг

За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, во Собранието нема нова распределба на пратеници

Актуелниот министер за здравство и лидер на крило на АА Арбен Таравари, смета дека во партиите партнери во коалицијата Вреди има емотивни реакции по неговата одлука АА на локалните избори да има

Омерагиќ на отворањето на регионална канцеларија на УЕФА во Истанбул

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) отвори регионална канцеларија во Истанбул на пригодна свеченост на која присуствуваше и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ. Свеченоста беше одбележана со присуство на шефот
Go toTop