Пригожин објави дека единиците на „Вагнер“ се повлекуваат од Бахмут: Ќе се заменат со редовните руски трупи

May 25, 2023
1 min read

Шефот на руската платеничка група во своето видеообраќање посочил дека неговите сили се подготвени повторно да се вратат во Бахмут доколку редовната руска армија не може да управува со ситуацијата

Руската платеничка милитантна група „Вагнер“ почна да ги повлекува своите сили од украинскиот град Бахмут и да ги предава своите позиции на редовните руски трупи, објави денеска нејзиниот основач Евгениј Пригожин.

Евгениј Пригожин, основачот на руската платеничка група „Вагнер“

„Ги повлекуваме нашите единици од Бахмут. Од денеска од пет часот на 25 мај до 1 јуни, повеќето единици ќе бидат прераспоредени во задните кампови. Ги предаваме нашите позиции на руската армија“,

рече тој во видеообраќање објавено на Телеграм.

Ројтерс пишува дека видеото во кое се обраќа Пригожин е објавено на апликацијата Телеграм од страна на неговата прес-служба, а на него се гледа како шефот на „Вагнер“, облечен во борбена опрема, стои до станбен блок оштетен од воените напади.

Во обраќањето тој посочил дека неговите сили се подготвени повторно да се вратат во Бахмут доколку редовната руска армија не може да управува со ситуацијата.

Во саботата, руските сили објавија дека по неколкумесечни тешки борби целосно го зазеле Бахмут.

Украина, пак, го негира ова и вели дека нејзината армија напреднала во северниот и во јужниот дел на уништениот град и дека се надеваат оти ќе го опколат.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

САД: Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, ја објави својата кандидатура за претседател

Следно

Промоција на две книги од Васко Шутаров, човекот чие „вјерују“ е културата

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop