И Ковачевски со критика за работата на некои медиуми, само не им ги спомна имињата

January 16, 2023
2 mins read

Што се однесува до мене, можам да кажам дека во државата има медиум чијашто уредувачка политика повеќе наликува на уредувачка политика која тргува со енергенси, а има и медиум чијашто уредувачка политика повеќе личи на уредувачка политика на партиски сектор за комуникација, рече премиерот

Премиерот Димитар Ковачевски, на денешната прес-конференција во Владата, прашан како ја коментира изјавата на неговиот коалициски партнер, лидерот на ДУИ Али Ахмети, дека Алфа и Телма се „непријатели на Албанците“, и самиот искритикува некои телевизии за тоа како се однесуваат.

„Сигурно господинот Ахмети таа изјава ја дал врз основа на одредени факти и за објаснување ќе треба да го прашате него бидејќи за медиумите и јас имам свое лично мислење, така што единствено можам да кажам за моето лично мислење за тоа како одредени медиуми се однесуваат. Тоа ќе го прашате господинот Ахмети. Што се однесува до мене, можам да кажам дека во државата има медиум чијашто уредувачка политика повеќе наликува на уредувачка политика која тргува со енергенси, а има и медиум чијашто уредувачка политика повеќе личи на уредувачка политика на партиски сектор за комуникација“,

рече Ковачевски.

По ова, новинарите му забележаа дека не е во ред да се напаѓаат медиуми, особено од функционери на така моќна позиција, бидејќи на тој начин сите новинари се чувствуваат загрозено.

„Прво, вие сте свесни дека ние сме држава којашто има апсолутно унапредено транспарентност. Владата има стопроцентно унапредена транспарентност, значи институцијата што јас ја водам и сум многу свесен за значењето на транспарентноста. Број два, јас не спомнав ниту еден конкретен медиум. Ако некој се препознал, тоа е една работа, меѓутоа јас не спомнав ниту еден медиум. Второ, јас сум 12 месеци премиер и не се случило кој било уредник од мене да добие телефонски повик или кој било новинар да добие телефонски повик. Тоа може сите вие да го потврдите. Така ќе биде и во иднина. Ниту ќе се случи ниту се случило да има какво било влијание од мене или од Владата врз работата на медиумите во државата и секогаш нивното работење треба да биде согласно со закон и согласно со регулативите и со институциите коишто се задолжени за нивно регулирање, а тие се независни од Владата. Така што, медиумите можат да си ја работат својата работа така како што сметаат. Директор на национална телевизија за мене имаше изјава со квалификации за мене и јас не реагирав на тоа, бидејќи сметам дека директор на телевизија треба да го каже тоа што го мисли“,

рече премиерот Ковачевски.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на синоќешната трибина во Гостивар порача дека телевизиите Телма и Алфа биле „непријатели на Албанците“.

Говорејќи за судирот во редовите на партијата, каде што група партиски функционери предводени од поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, остро се спротиставува на неговите најблиски соработници, пред сè на вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи, Ахмети повика на единство и смирување на страстите.

„Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира, на непријателите на Албанците, тие аплаудираат, Алфа, Телма, мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо“,

рече Ахмети.

По реакциите во јавноста се огласија од ДУИ од каде што објаснуваат дека Ахмети не спомнал непријателски медиуми, туку агресивни непријателски тонови од страна на граѓаните.

„На синоќешниот собир со граѓаните во Гостивар, претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети зборуваше за недостигот на ангажман од страна на македонските политички партии со граѓаните во контекст на односите со Албанците, затоа што е вознемирувачка омразата кон албанските лидери на државните институции, која се прикажува од македонските граѓани во контактните емисии на македонските телевизии со етикети како Бугар Османи, Артан Груби терористот, навреди кон самиот Али Ахмети и другите. Тоа е последица на неработењето на македонските политички партии со граѓаните и намерното продлабочување на поделбите помеѓу народот. Г-дин Ахмети не спомна непријателски медиуми, туку агресивни непријателски тонови од страна на граѓаните, поттикнати од политичките партии во контактните емисии на овие телевизии“,

се наведува во соопштението на ДУИ.

Реакции за изјавата на Ахмети стигнаа од директорот на Алфа, Јани Бојаџи и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и од Здружението на новинари.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Фирми почнаа да даваат титули, наместо плата за прекувремено

Следно

Приведен гостиварец поради бегство од затвор

Latest from Blog

Цела Куба без струја по петти пат за една година

Уште еден општ прекин на електричната енергија ја погоди Куба денес, петти за помалку од една година, доведувајќи ја економијата во застој и нарушувајќи го животот на нејзините жители. „Имаше целосен прекин

Ѓорѓиевски: Инвестиции и подобрување на инфраструктурата во Бутел

Вечерва Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, се сретна со жителите на Радишани, заедно со сегашниот градоначалник на Бутел Дарко Костовски и министерот Панче

ВМРО-ДПМНЕ ги објави преостанатите имиња на кандидатите за градоначалници, во Кочани ќе го поддржат натпартискиот кандидат д-р. Влатко Грозданов

ВМРО-ДПМНЕ ги објави преостанатите имиња на кандидатите за градоначалници, во Кочани ќе го поддржат натпартискиот кандидат д-р. Влатко Грозданов, информираше вечерва Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. -Пратеничката Бети Стаменковска Трајковска

Коњановски: Новата шампионска приказна ја пишуваме заедно со навивачите

Денеска, на платото пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, се одржа фан-зоната пред натпреварот Еурофарм Пелистер – Загреб, која собра голем број навивачи и симпатизери на тимот. Настанот започна во 18:45
Go toTop