САД ги истражуваат наводите дека Киев користел американска воена опрема при напад на руска територија

May 25, 2023
1 min read

Реакцијата на официјален Вашингтон следува по наводите на Кремљ оти Украина и проукраинските борци користеле воена опрема произведена од САД за време на нападите на руската погранична територија, за што Москва изрази сомнеж за зголемено учество на Западот во воениот конфликт

Вашингтон ги испитува извештаите дека Украина користела американска воена опрема и возила при напад на руска територија, изјави портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, предупредувајќи ја Украина и проукраинските сили да не користат американска опрема за нивните напади на Русија.

Џон Кирби, портпарол на Белата куќа

Тој рече дека ставот на САД кон Киев бил јасен по однос на ова прашање.

„Бевме прилично јасни за ова со Украинците – не ја поддржуваме употребата на опрема произведена од САД за напади во Русија“,

изјави Кирби.

Реакцијата на официјален Вашингтон следува по наводите на Кремљ оти Украина и проукраинските борци користеле воена опрема произведена од САД за време на нападите на руската погранична територија, за што Москва изрази сомнеж за зголемено учество на Западот во воениот конфликт.

Соединетите држави, најголемиот воен снабдувач на Украина, првично ги отфрлија информациите дека во нападот била користена воена опрема од американско производство.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жозе Мурињо за својата иднина во Рома ќе одлучува по финалето во Лига Европа

Следно

Македонското движење (МДС) од Албанија со остра реакција: На бугарските шарлатани да им се забрани влез во државата – општината, македонската партија и самата држава да го заштитат македонското население!

Latest from Blog

Барса со „петарда“ ја започна новата сезона

Фудбалерите на Барселона фантастично ја започнаа новата сезона со убедлива победа против екипата на Елче со 0:5. Момците на Ханси Флик покажаа класа и најавија уште една сезона во која што ќе

ИРАН ЈА НАПАДНА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, четири дена не можат да се опорават

Хакери поврзани со Иран успеаја целосно да ја запрат работата на британска електрана дури четири дена, што се смета за еден од најсериозните сајбер напади врз енергетската инфраструктура на Обединетото Кралство, објави

Интересно: Фановите на Марсеј ја славеа титулата на Шпанија? (ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Навивачите на Олимпик Марсеј изненадија со чудна претстава за време на првиот натпревар на тимот во сезоната во Лига 1. Некои од навивачите на „Велодром“ извадија огромна кореографија во чест на

Иран поканет да се приклучи на „исламското НАТО“

Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат, поврзана со иранскиот парламент, изјави дека Иран добил покана да се приклучи на договорот во Мека и дека прашањето се разгледува. Рахими рече дека земјите
Go toTop