Американска амбасада во БиХ: Закана за Република Српска е Додик, а не САД и Западот 

May 24, 2023
2 mins read

Додик вчера во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, каде покрај обвинувањата против американската амбасада во БиХ и амбасадорот Мајкл Марфи, рече дека нивна цел е уништување на Република Српска

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Босна и Херцеговина ги оцени како апсурдни и злонамерни последните изјави на претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, кој при посетата на Русија го заостри својот проруски, антизападен и антиамерикански курс, пишува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). 

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик/Фото: Архива

Додик вчера во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, каде покрај обвинувањата против американската амбасада во БиХ и амбасадорот Мајкл Марфи, рече дека нивна цел е уништување на Република Српска. 

Во реакцијата на американската амбасада во БиХ објавена на Твитер се вели дека САД и Западот не претставуваат закана за Република Српска или за аспирациите на нејзините жители да имаат мирна, демократска и просперитетна иднина. 

 „Овие закани доаѓаат од Милорад Додик и оние во владата на Република Српска кои се стремат да ги одземат основните права и слободи на жителите на овој ентитет, богатејќи се наместо да работат за просперитетот на оние за кои тврдат дека ги претставуваат, поткопувајќи ја државата Босна и Херцеговина и Дејтонскиот мировен договор, давајќи дестабилизирачки, илузорни и опасни ветувања за независност на Република Српска“,

се вели во објавата на амбасадата на Твитер. 

Соединетите Американски Држави беа и се, велат од амбасадата, пријател и партнер на сите граѓани на Босна и Херцеговина. 

 „Нашата политика овде е јасна и директна и таква e веќе 28 години. Соединетите Американски Држави го поддржуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина, како и нејзината интеграција во евроатлантските институции“,

се вели во реакцијата. 

Амбасадорот на САД во Босна и Херцеговина, Мајкл Марфи/Фото: Интернет страница на Амбасада на САД во БиХ

Претходно денеска, американскиот Стејт департмент, коментирајќи ја средбата меѓу Додик и Путин, изјави дека „ниту една влада, на ниту едно ниво, во овој момент не треба да ја прошири соработката со Русија, додека таа земја врши агресија врз Украина“. 

„Патот кој води до демократска, просперитетна и сигурна иднина, која ја посакуваат сите граѓани на Босна и Херцеговина, оди преку Брисел, а не преку Москва. Затоа, патот на Додик го сметаме за контрапродуктивен и пред се штетен“,

изјави портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка.

Додик е еден од ретките функционери на земја што се сретнал со Путин од почетокот на руската инвазија на Украина. Прорускиот лидер на Република Српска и неговиот Сојуз на независни социјалдемократи го блокираат санкциите кон Русија на државно ниво во Босна и Херцеговина. 

Додик често повторува дека Република Српска може да се отцепи од Босна и Херцеговина во која е еден од двата ентитета според Дејтонскиот договор со кој заврши војната во 1995 година. Поради загрозување на тој договор, на стабилноста во БиХ и во регионот, како и поради коруптивни дејствија, тој е на листите на санкционирани на САД и на Велика Британија.   

Претседателот на Република Српска во Москва, како што претходно најави, учествува и на меѓународен безбедносен форум, кој се одржува од 23 до 25 мај. Форумот, како што пренесоа руските медиуми се одржува под покровителство на рускиот Совет за безбедност, а делегацијата на земјата домаќин ја предводи секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев. 

Присуството на состанокот во изјава за РСЕ го потврди и претседателот на Демократската партија на Србите во Северна Македонија Иван Стоилковиќ, откако претходно во објава на Фејсбук самиот се пофали дека е во Москва. Детали за патувањето, рекол тој, ќе соопштел откако ќе се врати.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светот остана без уште една ѕвезда: На 83 години почина Тина Тарнер – кралицата на рокенролот

Следно

Жозе Мурињо за својата иднина во Рома ќе одлучува по финалето во Лига Европа

Latest from Blog

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за соработка во образованието, науката, културата, младите и спортот, како и економските консултации

Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи

РУСКАТА “ПОДМОРНИЦА НА СУДНИОТ ДЕН“ за прв пат за спушти во морето. Која е нејзината цел?

Најновата руска нуклеарна подморница, поради капацитетот, составот на вооружување и стартешката подвижност е наречена “подморница на судниот ден“ наменета за нуклеарна војна – за прв пат го напушти пристаништето минатата недела. Додека

Драган Даниловски: Дел од заболените и починатите од западнонилска треска се заразиле во Македонија

Разговараше: Ирена МУЛАЧКА Пет смртни случаи и вкупно 43 потврдени од западнонилска треска во Македонија. Тоа засега е црниот исход од епидемијата, која веќе одреден период тресе неколку скопски општини, Кисела Вода,
Go toTop