Орбан: Шведска прво треба да ги подобри односите со Унгарија, а потоа да влезе во НАТО

May 23, 2023
1 min read

Шведска и Финска поднесоа барање за приклучување кон Организацијата на Северноатлантскиот договор минатата година по руската инвазија на Украина, но Турција и Унгарија ја блокираа апликацијата на Шведска

Односите меѓу Унгарија и Шведска мора да се подобрат пред да биде одобрена кандидатурата на оваа нордиска земја за членство во НАТО, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на Економскиот форум во Катар.

Шведска и Финска поднесоа барање за приклучување кон Организацијата на Северноатлантскиот договор минатата година по руската инвазија на Украина, но Турција и Унгарија ја блокираа апликацијата на Шведска, а Будимпешта го наведе незадоволството од критиките на Шведска за потезите на Орбан за демократијата и владеењето на правото.

„Политичките односи меѓу Унгарија и Шведска се ужасно лоши, не сакаме да внесуваме конфликти во НАТО“,

рече Орбан, пренесува Радио Слободна Европа.

Сè уште нема датум кога унгарскиот парламент би можел да гласа за кандидатурата на Шведска за прием, а НАТО најави состанок на шефовите на држави и влади во јули

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Инзаги: Сигурно останувам во Интер

Следно

Вучиќ: Го посетив училиштето во кое се случи пукањето, навечер плачев

Latest from Blog

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие
Go toTop