И лидерот на ПАСОК го врати мандатот за состав на влада

May 23, 2023
1 min read

Претходно лидерите на Нова демократија и Сириза, Киријакос Мицотакис и Алкесис Ципрас, го вратија мандатот. Мицотакис, иако победи на изборите со водство од 20 отсто пред Ципрас, не сакаше да формира влада бидејќи сака таа да биде еднопартиска, односно да не бара коалициски партнер

Лидерот на грчката опозициска партија ПАСОК – Движење на промена, Никос Андрулакис, воопшто не го искористи мандатот за формирање влада и на средбата со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, истакна дека ѝ го враќа бидејќи нема простор за формирање влада, јавува МИА.

ПАСОК – Движење на промена ја освои третата позиција на изборите во неделата.

Претходно лидерите на Нова демократија и Сириза, Киријакос Мицотакис и Алкесис Ципрас, го вратија мандатот. Мицотакис, иако победи на изборите со водство од 20 отсто пред Ципрас, не сакаше да формира влада бидејќи сака таа да биде еднопартиска, односно да не бара коалициски партнер.

Со доделувањето и на третиот мандат се затвори циклусот на мандати за првите три партии и заврши првиот дел од одредбите предвидени со Уставот.

Претседателката на Грција или ќе свика лидерска средба или телефонски ќе разговара со претседателите на партиите во последен обид да се формира влада со широко мнозинство, што во конкретниот случај ќе биде само формално, за да се запазат процедурите.

Понатаму следува и формирање службена влада која ќе има една и единствена обврска, да ја одведе земјата на изборите што ќе се одржат на 25 јуни.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Приватните превозници од утре се враќаат на скопските улици – потпишаа договор со ЈСП

Следно

Анчелоти: Винисиус не размислува за заминување, го сака Реал Мадрид

Latest from Blog

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие
Go toTop