„Гардијан“: Протечените документи на Пентагон сугерираат дека руски доброволци биле обучувани за инфилтрација во Белгород

May 23, 2023
3 mins read

„Украина обезбедува сеопфатна поддршка за руските доброволци кои се подготвени да ги ослободат руските територии од тиранијата на претседателот Путин со вооружени средства… Извештајот зборува за операции за инфилтрација на доброволци во областите Брјанск, Курск и Белгород, кои биле планирани за март-април 2023 година, со цел да се преземе контрола врз територии и да се прогласат новосоздадени држави. Исто така, планирано е да започне формирање на поголема воена компонента врз основа на доброволци за создавање фронт за граѓанска војна во Русија“, се наведува во еден од протечените документи цитиран од британскиот весник

Настаните во рускиот регион Белгород на границата со Украина во последните 48 часа се чини дека ги потврдуваат наводите и анализите во протечените документи на американските разузнавачки служби што беа објавени од припадникот на Националната воздухопловна гарда на Масачусетс, Џек Тешеира, пишува новинарот на „Гардијан“, Питер Бомонт.

Припадник на герилска група која наводно стои зад нападот на југозападниот руски регион Белгород/Фото: Принтскрин

Повикувајќи се и цитирајќи еден од протечените документи, британскиот весник наведува дека според неговата содржина Украина обучувала и вооружила руски доброволци со опрема на НАТО за инфилтрација на руска територија.

Во документот што го цитира весникот се тврди:

„Украина обезбедува сеопфатна поддршка за руските доброволци кои се подготвени да ги ослободат руските територии од тиранијата на претседателот Путин со вооружени средства. Ваквите одреди се опремени со различни квалитативни видови оружје на НАТО; персоналот поминал соодветна обука за употреба на такво оружје и има успешно борбено искуство од различни делови на линијата на фронтот во Украина. Извештајот зборува за операции за инфилтрација на доброволци во областите Брјанск, Курск и Белгород кои биле планирани за март-април 2023 година, со цел да се преземе контрола врз територии и да се прогласат новосоздадени држави. Исто така, планирано е да започне формирање на поголема воена компонента врз основа на доброволци за создавање фронт за граѓанска војна во Русија“,

Герилска група во изминатото деноноќие изврши напад во југозападниот руски регион Белгород кој се граничи со Украина. Одговорот на прашањето кој го наредил нападот и понатаму е обвиткано во магла.

Официјална Москва тврди дека нападот го извршиле украински милитанти, отфрлајќи ги извештаите дека станува збор за лица кои се идентификуваат како етнички Руси.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека има многу етнички Руси во Украина, но тоа не значи дека не станува збор за украински милитанти.

Од друга страна Киев отфрла каква било поврзаност со руските герилски борци, тврдејќи дека ти дејствуваат независно и не се под нечија воена команда.

Одговорноста за нападот во регионот Белгород, како што претходно денеска пренесе Си-ен-ен, ја презеде група Руси против Путин кои се на линија со украинската армија.

Легијата за слободна Русија, која се опишува себеси како герилска група што сака да ја ослободи Русија од Путин, соопшти дека ја преминала руско-украинската граница и испратила единици во градот Греиворон во рускиот регион Белгород.

Друга милитантна организација која се бори против Кремљ, Рускиот волонтерски корпус, предводен од истакнат руски националист, исто така соопшти дека учествувала во акцијата, пренесе „Гардијан“.

Припадник на герлиска група става лепенка врз латиничната буква „Z,“, симбол на руската инвазија на Украина/Фото: Принтскрин

На Јутјуб можат да се најдат видеа на кои се гледа како лица во полна воена опрема и со воени возила наводно запленети од руската војска се движат во регионот на Белгород. На една од видеоснимките може да се види лице во воена опрема како става лепенка на задниот дел од воено возило со натпис РДК (најверојатно кратенка од Руски волонтерски корпус) врз латиничната буква „Z“, која стана симбол на руската инвазија на Украина и е неодминлива ознака на секое од возилата што ги користат руските трупи.  

Вјечеслав Гладков, гувернерот на Белгородската Област, која се граничи со Украина, објави дека во текот на ноќта областа била нападната со беспилотни летала. Тој рече дека во два одвоени напади со дронови биле фрлени експлозивни направи врз управна зграда и куќа во селото Борисовка. Тој додаде дека нема пријавени жртви во ниту еден од инцидентите со дронови.

Засега никој не ја презеде одговорноста за наводните напади со беспилотни летала.

Москва во текот на денот излезе со тврдења дека ги потиснала борците за кои вели дека извршиле прекуграничен напад од Украина во регионот на Белгород, пренесе Ројтерс, посочувајќи дека засега ваквите тврдења не можат веднаш да бидат потврдени од независни извори.

Подетални информации, кои исто така не можат да бидат независно потврдени, соопшти руското Министерство за одбрана кое тврди дека остатоците од единиците што Москва ги обвини за нападот сега се принудени да се вратат на украинска територија. Во својот дневен брифинг, Министерството соопшти дека се убиени повеќе од 70 лица што учествувале во нападот.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Симпатизерите на терористичката организација ПКК со нова провокација во Виена против турскиот претседател

Следно

Уапсен амбасадорот на БиХ во Катар

Latest from Blog

Слепиот послушник и потрчко на Заев сега на услуга на Филипче, Аврамовска Мадиќ ги изготви славните измени на КЗ за спас на криминалците од СДС и ДУИ

Во СДС ништо не е сменето. И покрај смените на хартија на два претседатели, со СДС сè уште владее Зоран Заев. Тоа се гледа и од последниот избор за претседател на СДС,

Шилегов со песната „Во бестрага“ го коментираше новото раководство на СДСМ

Екс градоначалникот на Град Скопје и дел од СДСМ, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави реакција по повод Централниот конгрес на СДСМ каде е избрано ново раководство. Тој ја објави песната

КК Будуќност пред финасиски колапс

Градот Подгорица деновиве го блокираше КК Будуќност поради долгови. Поради ова, Управниот одбор одржа итен состанок. На средбата е договорено претседателот Драган Бокан да разговара со претставниците на сопствениците на клубот од
Go toTop