Македонскиот државјанин ранет на Врачар се нашол на погрешно место во погрешно време

May 23, 2023
1 min read

Со него, како што информираат од МНР за „360 степени“, бил уште еден македонски државјанин кој не е повреден во инцидентот и бил во полициска станица каде што дал изјава. Додека ранетиот бил пренесен во Ургентниот центар во Белград за хируршка интервенција и е во добра здравствена состојба

Дваесет и едногодишниот македонски државјанин, кој беше ранет во вооружениот инцидент што вчеравечер се случи во белградската населба Врачар, случајно се нашол на местото на вооружениот инцидент, велат за „360 степени“ од Министерството за надворешни работи на С Македонија.

Екипа на српската полицијата/Фото: Н1

Тој, како што информираат од МНР, бил заедно со уште едно лице, исто така македонски државјанин, кое не е повредено во пукањето.

„Станува збор за двајца наши државјани кои биле случајни минувачи, од кои едниот со прострелна рана е пренесен во Ургентниот центар (во Белград) за хируршка интервенција. Тој во моментов се чувствува добро“,

велат од МНР.

Како што информираат оттаму, додека ранетиот бил пренесен во ургентниот центар, другиот македонски државјанин бил во полициска станица каде што дал изјава.

Зградата на Министерството за надворешни работи на РС Македонија/Фото: Архива

Во пукањето, како што утрово во кратко соопштение потврди српското Министерство за внатрешни работи, е ранет и белграѓанец на возраст од 26 години, кој исто така бил хоспитализиран во Ургентниот центар.

По три часовна потрага, белградската полиција успеала да го идентификува и да го уапси осомничениот напаѓач. Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи на Србија, станува збор за Н.Ѓ. (20) кој се сомничи за кривичните дела тешко убиство во обид и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

По налог на белградското вишо јавно обвинителство нему му е одреден 48-часовен притвор.

„Припадниците на МВР во Белград во брза и ефикасна акција го уапсија Н. Ѓ. (2003). Осомничен е дека синоќа на улица ‘Максим Горки’ со истрели од огнено оружје на дваесет и шестгодишен белграѓанец и дваесет и едногодишен државјанин на Северна Македонија им нанел тешки телесни повреди, а потоа побегнал.  Полицијата набрзо го идентификувала и го пронашла. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, на осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред обвинител“,

се наведува во краткото соопштени објавено на официјалната интернет-страница на српското МВР.

Оттаму засега нема подетални информации за мотивите за пукањето.

Српски „Блиц“ пренесе сведоштво на жена која живее во зграда во близина на местото каде што се случило пукањето. Таа изјавила дека слушнала три истрели за кои првично мислела дека се петарди.

„Излегов на терасата и видов дека луѓето од другата страна на зградата се истрауматизирани. Кога слегов, таму лежеше рането момче. Подоцна слушнав дека напаѓачот побегнал и најверојатно ранил уште едно лице. Преплашени сме. Којзнае каде истрча“,

изјавила таа за „Блиц“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зградата од милијарда долари во која никој не сака да живее

Следно

Ердоган: Туркије отсекогаш била безбеден дом за сите кои низ историјата биле во неволја

Latest from Blog

Атентаторот врз заменик началникот на руската ГРУ , генерал Алексеев, уапсен во Дубаи

Осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, објавија британските медиуми. Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан повеќе пати во станбена зграда во Москва, потврдија истражителите.

Николоски: Институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на Стенковец

На својот фејсбук профил, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека министерството во координација со повеќе надлежни институции ќе започне постапка за конфискација на нелегално изграден објект на аеродром Стенковец.

Коњановски: Одобрен проектот за тартан патека на градскиот стадион

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, присуствуваше на ребрендирањето на Атлетскиот клуб „Олимп“, настан кој беше оценет како историски момент за битолската и македонската атлетика.

Шокантни тврдења на Лејла Кадриу за функционирањето на СЈО – Катица Јанева тврдела дека е жена од милион долари

Поранешната обвинителка во Специјално јавно обвинителство, Лејла Кадриу, во јавни истапи изнесе сериозни обвинувања за начинот на функционирање на институцијата, наведувајќи директни политички влијанија, финансиски злоупотреби и незаконско постапување во периодот кога

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф
Go toTop