Избори во Туркије: На гласачките места во странство во вториот круг гласале 1.403.757 граѓани

May 23, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Во вториот круг од претседателските избори во Туркије, што на редовните избирачки места во земјата ќе се одржат на 28 мај, надвор од земјата гласале 1.403.757 регистрирани гласачи, јавува Анадолу.

Гласањето на избирачките места надвор од земјата и на граничните премини започна на 20 мај, а некои од избирачките места сѐ уште се отворени.

Според податоците на Врховната изборна комисија на Туркије, сите избирачки места во дипломатските претставништва ќе бидат затворени на 24 мај, додека граѓаните на граничните премини ќе можат да гласаат до затворање на редовните гласачки места, недела, 28 мај, до 17 часот.

Вториот круг од претседателските избори во Туркије, во кој ќе учествуваат актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу, ќе се одржи во недела на 28 мај.

Според распределбата на важечките гласови, кандидатот на Народна алијанса и актуелен претседател Реџеп Таип Ердоган во првиот круг освои 27.133.849 гласа (49,52 отсто). Кандидатот на Национална алијанса, Кемал Киличдароглу, освои 24.595.178 гласа (44,88 отсто).

Кандидатот на Алијансата на предците, Синан Оган, освои 2.831.239 гласа (5,17 отсто). Четвртиот кандидат Мухарем Инџе, кој непосредно пред изборите изјави дека се повлекува од трката, освои 235.783 гласа (0,43 отсто).

Синан Оган соопшти дека во вториот круг ќе го поддржи Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Шолц: Украина нема да стане членка на НАТО во скоро време

Следно

Бугарските партии постигнаа договор за формирање коалициска влада

Latest from Blog

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие
Go toTop