ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку три лица загинаа, а 16 се повредени во нападите на руските сили врз различни делови на Украина, вклучително и регионите Доњецк, Херсон, Харков, Днепропетровск и Запорожје, јавува Анадолу.
Гувернерот на Доњецк, Павло Кириленко, на Телеграм рано утринава објави дека двајца жители на градовите Авдиевка и Касив Јар биле убиени во руски напади.
„Уште шест лица се ранети“, рече Кириленко, додавајќи дека е невозможно да се утврди точниот број на жртви во Мариопол и Волноваха.
Овие два града се под руска контрола.
„Во Харков, во ракетен напад на станбена зграда е ранет еден цивил“, изјави гувернерот на регионот Олех Синјехубов, додавајќи дека 61-годишен маж е повреден и хоспитализиран во окбласта Изиум по експлозијата.
Гувернерот на Дњепропетровск, Серхиј Лисак, објави дека украинската противвоздушна одбрана соборила 15 беспилотни летала и четири крстосувачки ракети во областа Дњепропетровск. Тој додаде дека 27-годишен маж е повреден во нападот во Днепар и е хоспитализиран.
Лисак наведе и дека седум лица биле повредени при падот на дронот во општина Иларионивска во областа Синелница.
Гувернерот на Керсон, Олександр Прокудин, на својот профил на Телеграм објави дека едно лице загинало во руски напади.
„Во текот на изминатиот ден непријателот изврши 57 гранатирања, испукувајќи 318 гранати“, рече Прокудин, додавајќи дека Херсон бил гранатиран четирипати и дека 79 лица се евакуирани.
Гувернерот на Запорожје, Јуриј Малашко, изјави дека во текот на изминатиот ден во регионот биле регистрирани вкупно 75 напади без жртви.
Украинската компанија Енергоатом соопшти дека дошло до прекин на електричната енергија во нуклеарната централа Запорожје бидејќи утринава поради руско гранатирање бил прекинат далноводот поврзан со централата.
Според податоците на Обединетите нации, во руско-украинската војна загинале 8.836 цивили, а 14.985 се ранети.
Извор: www.aa.com.tr