Шведска треба да се однесува како утре да ќе излегува од ЕУ

May 22, 2023
1 min read

Првиот човек на Шведските демократи, Џими Акесон, инсистира земјата да се посвети на правење на неопходните подготовки за Швегзит, за во случај да се најде во таква ситуација владата да биде во што е можно подобра позиција за преговори со Брисел.

Тој и неговиот сопартиец, инаку евро пратеник, Чарли Вајмерс, во текст за Свенска Дагбладет предлагаат три мерки што мора да бидат преземени од шведската влада:

– Уставни промени кои ќе воведат задолжителен референдум за сите одлуки поврзани со пренесување повеќе овластувања од Стокхолм на Брисел.

– Да се направат сите неопходни подготовки за да биде подготвена кога ќе се донесе одлука за напуштање и да се легитимизира секоја закана за повлекување од Унијата во идните преговори со блокот. Ова подразбира и бришење од Уставот на делот во кој пишува дека Шведска е членка на ЕУ.

– Да се започне истрага за тоа како можат да бидат избегнати негативните аспекти на шведското членство во ЕУ.

Шведските демократи моментално не неформален партнер во владејачката коалиција, тие иако се за излегување на земјата од ЕУ, прифаќаат дека „тоа не е мнозински став меѓу шведскиот електорат“.

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мбапе, Нејмар, Роналдо, Фердинанд…застанаа зад Винисиус Жуниор: Не си сам…(ФОТО)

Следно

Антикорупциска со полна пареа го анализира договорот со „Бехтел и Енка“, Ивановска не сака да шпекулира кога ќе завршат со работата

Latest from Blog

Анкета: Граѓаните бараат промени во Судскиот совет и кај јавниот обвинител – СДСМ: Со 400.000 евра тендер за анкети се платени манипулациите на Маркет Вижн

Мнозинството од граѓаните се изјасниле за промени во клучните правосудни институции. Околу половина од испитаниците (50,3%) сметаат дека е неопходна промена на составот на Судскиот совет, додека 45,7% се изјасниле дека треба

„Не прифаќаме гладот ​​да се користи како оружје против Палестинците“, истакна катарскиот премиер Ал Тани

ИСТАНБУЛ (АА) – Катарскиот премиер и министер за надворешни работи, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, изјави дека не го прифаќаат изгладувањето или употребата на гладта против палестинскиот народ како оружје од страна
Go toTop