Неверојатни емоции во Франција: Пред мечот дозна за смртта на неговата мајка, па одигра 90 минути со солзи во очите

May 22, 2023
1 min read

Монпелје е сигурен на табелата и немаше за што да игра на гостувањето кај Нант во текот на вчерашниот ден, но сепак пристапи максимално професионално и дополнително ги расипа работите за тимот кој се бори за опстанок.

Гостите успеаја да победат со 0:3 и покажаа дека се далеку посериозен тим од Нант, но сепак вест на денот беше една тажна информација и емотивната состојба на дефанзивецот на гостите.

Исијага Сила е стандарден лев бек на Монпелје и игра на секој натпервар, но вчера го имаше најемотивното попладне во кариерата, бидејќи непосредно пред пресметката, дознал за смртта на својата мајка.

И покрај ужасната вест, Сила собра храброст да игра и се појави на теренот, но сосема јасно, во повеќе наврати го совладуваа емоциите и беше тешен од своите соиграчи.

Левиот бек ги одигра сите 90 минути со солзи во очите, а победата и ја посвети на својата мајка која починала во родната Гвинеја.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Македонски уметници на групната изложба „Уметноста го обединува светот“ во Венеција

Следно

Турски МИТ на северот на Ирак неутрализира терорист на ПКК/КЏК одговорен за комуникациите

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop