Германската полиција го истражува можното труење на две Русинки кои учествувале на неодамнешниот митинг на руската опозиција во Берлин

May 21, 2023
1 min read

Медиумите наведуваат дека една од жените е новинарка и дека нејзините симптоми можеби се појавиле пред конференцијата од 29 до 30 април. Таа отишла во болницата „Шарит“ во Берлин

Германската полиција го истражува можното труење на две руски емигрантки кои присуствувале на конференција во Берлин на крајот на април, организирана од критичарот на Кремљ, Михаил Ходорковски, пишува „Гардијан“.

Берлинската полиција изјави за Ројтерс дека е отворена истрага откако германскиот весник „Велт ам зонтаг“, повикувајќи се на руската истражувачка медиумска група „Агентство“, објави дека две жени пријавиле симптоми кои укажуваат на можно труење.

Полицијата не соопшти повеќе детали повикувајќи се на истрагата која е во тек.

Медиумите наведуваат дека една од жените е новинарка и дека нејзините симптоми можеби се појавиле пред конференцијата од 29 до 30 април. Таа отишла во болницата „Шарит“ во Берлин.

Втората жена е Наталија Арно, директорка на невладината организација „Фондација слободна Русија“. Таа на својата фејсбук-страница напиша дека открила дека вратата од нејзината хотелска соба била оставена подотворена.

„Се разбудив во 5 часот наутро, со остри болки и чудни симптоми“,

напишала Арно.

Во последниве години беа извршени неколку напади со труење во странство и во Русија против противниците на Кремљ. Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални се лекуваше во Русија, а подоцна и во Германија поради, како што покажаа западните лабораториски тестови, обидот за труење со нервен агенс во Сибир во 2020 година.

Владата во Москва ги отфрли обвинувањата.

Навални доброволно се врати во Русија во 2021 година од Германија. Тој беше уапсен во јануари истата година и оттогаш е во затвор.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прв до врв 2023 21.5.2023

Следно

(ВИДЕО) Гинеколог под дејство на кокаин се обидел да прегази полицаец за време на протестот во Белград

Latest from Blog

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна

Петмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинции

Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави,

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата
Go toTop