(ВИДЕО) Гинеколог под дејство на кокаин се обидел да прегази полицаец за време на протестот во Белград

1 min read

М.Б. завчера вечерта околу 20:30 часот не ја послушал наредбата на сообраќајните полицајци кои го пренасочувале сообраќајот поради одржување на јавен собир, а потоа со својот автомобил марка „мерцедес“ се упатил кон полицискиот службеник и го оттурнал

Српскатаа полиција го уапси гинекологот М.Б. (51) поради сомнение дека сторил кривично дело напад врз службено лице и кој, како што е соопштено, бил позитивен на кокаин.

М.Б. завчера вечерта околу 20:30 часот не ја послушал наредбата на сообраќајните полицајци кои го пренасочувале сообраќајот поради одржување на јавен собир, а потоа со својот автомобил марка „мерцедес“ се упатил кон полицискиот службеник и го оттурнал.

Како што јавуваат српските медиуми, судот во Белград му одредил притвор на осомничениот М.Б. за напад на полицаец.

„Во таа насока, по распитот на осомничениот, кој во таа прилика го искористил своето законско право и не се изјаснил за одбрана, обвинителството предложило да му се одреди мерка притвор во траење од триесет дена, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело во краток временски период“,

се наведува во соопштението.

Против осомничениот ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава бидејќи одбил алкотест, а нарко тестот покажал дека е позитивен на кокаин.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Германската полиција го истражува можното труење на две Русинки кои учествувале на неодамнешниот митинг на руската опозиција во Берлин

Следно

Со стенд-ап шоу на Жарко Јовановиќ вечер завршува фестивалот „5 ре“

Latest from Blog