Активисти за заштита на животната средина ја поцрнија водата во римската фонтана „Треви“

May 21, 2023
1 min read

Еколошката активистка Матија (19), која учествуваше во акцијата кај фонтаната, рече дека страшната трагедија што се случи во Емилија-Ромања во последните денови е предупредување кое навестува мрачна иднина што го чека човештвото

Активисти за заштита на животната средина денеска ја поцрнија водата во познатата римска фонтана „Треви“ тврдејќи дека смртта на 14 лица во поплавите во Италија е предупредување за климатските промени.

Активистите на организацијата „Последна генерација“ (The Last Generation), која спроведува акции со кои се осудува отсуството на одговор од владата на климатските промени, се качија на фонтаната и истурија црна растителна течност во водата. Тие се симнаа од фонтаната во придружба на полицијата.

Повеќе од 36 000 луѓе се раселени поради поплавите што го погодија регионот Емилија-Ромања. Во областа дождот предизвика огромни поплави во богатата земјоделска и туристичка област.

Еколошката активистка Матија (19), која учествуваше во акцијата кај фонтаната, рече дека страшната трагедија што се случи во Емилија-Ромања во последните денови е предупредување кое навестува мрачна иднина што го чека човештвото.

Групата „Последната генерација“ започна со акции во Италија во 2022 година пред општите избори за да ги повика лидерите на сите политички партии да им дадат приоритет на климатските вонредни состојби.

Активистите на групата спроведуваа акции низ цела Европа. Тие фрлаа супа, пире и бои на заштитното стакло од сликите изложени во големите музеи и други културни институции.

Фото: EPA-EFE/GIULIA MARRAZZO

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фудбалскиот клуб Вардар се врати во Првата македонска фудбалска лига

Следно

Прв до врв 2023 21.5.2023

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop