Граѓани на протестот „Србија против насилството“ поставија шатори, се подготвуваат да ја поминат ноќта под мостот „Газела“  

May 19, 2023
4 mins read

Шаторите беа поставени откако претходно копретседателот на партијата Заедно за Србија Небојша Зеленовиќ и пратеникот на Демократската партија (ДС) Срѓан Миливојевиќ ги повикаа граѓаните да останат на мостот „Газела“  додека властите не одговорат на сите барања што тие ги истакнаа на трите протести

На протестот на мостот „Газела“ лица во црна облека се обиделе да предизвикаат инциденти. Од иницијативата „Тргни – промени“ (Крени – промени) на Твитер објавија видео снимка на која се гледа како непознат маж го клоца активистот Саво Манојловиќ, по што група луѓе застануваат меѓу нив и спречуваат инцидентот да ескалира

Опозициски активисти поставија шатори на автопатот под мостот „Газела“ во Белград, кој вечерва со Бранков мост беа блокирани од десетиците илјади граѓани кои излегоа на третиот по ред протест под слоганот „Србија против насилството“, јавува Н1.  

Демонстранти се подготвуваат да ја поминат ноќта под мостот „Газела“/Фото: Н1

Претходно копретседателот на партијата Заедно за Србија Небојша Зеленовиќ и пратеникот на Демократската партија (ДС) Срѓан Миливојевиќ ги повикаа граѓаните да останат на мостот „Газела“  додека властите не одговорат на сите барања што тие ги истакнаа на трите протести. 

По нивните повици дел од демонстрантите извадиле шатори кои ги поставиле на автопатот под мостот и планираат да преноќат таму. Како што јавува Н1 од протестот, луѓето кои решиле да преноќат си делат вода и сокови едни со други.  

Протестот трае повеќе од пет часа, а граѓани и натаму остануваат на автопатот под мостот „Газела“/Фото: Нова.рс

Лица во црна облека предизвикаа инциденти

Телевизиите Н1 и Нова.рс јавуваат и за провокации и инциденти на протестот кои ги предзвикале лица облечени во црно, но по реакција на насобраните граѓани е спречена ескалација. 

Од иницијативата „Тргни – промени“ (Крени – промени) на Твитер објавија видео снимка на која се гледа како непознат маж го клоца активистот Саво Манојловиќ, по што група луѓе застануваат меѓу нив и спречуваат инцидентот да ескалира.  

Манојловиќ во изјава за Н1 вели дека додека стоел на мостот Газела и се поздравувал со граѓани, едно момче почнало да го провоцира и да му дофрла. 

„Една жена се обиде да несаздели, кога таа падна се изнервирав, потоа тие извадија каиши и се обидоа да нападнат, но луѓето ги избркаа. Луѓето потоа ми рекоа дека е некоја Народна патрола, не знам кои се тие“,

раскажува Манојловиќ. 

Тој изјави дека провокаторите еднаш замавнале со каишот и дека нема никакви повреди. 

„Го споменуваа Сорос и тажно е што некој е дојден на овој протест со цел да предизвика инцидент и да го направи протестот бесмислен“,

вели Манојловиќ за Н1. 

За друг инцидент раскажува девојка, кој вели дека била нападната од момче кое се издвоило од група мажи облечени во црно. Била нападната затоа што ги снимала со мобилниот телефон како на една жена и го одземаат транспарентот на кој пишувало „Стоп за фемицидот“. 

Таа наведува дека луѓето во близина се обиделе да ја одбранат жената, но и тие биле нападнати. 

„Потоа еден господин ме виде дека снимам, ме нападна, се обиде да ми го земе телефонот. Се боревме за телефонот околу една минута, луѓето се обидуваа да го одвојат од мене. Повредена сум, но не е страшно“,

вели девојката. 

Десетици илјади граѓани вечерва излегоа на третиот по ред протест под слоганот „Србија против насилството“, за да го изразат своето незадоволство од реакцијата на српските власти по двете масовни убиства на почетокот на мај во кои беа убиени 18 лица. 

Протестот почна пред зградата на српскиот парламент, од каде граѓаните се упатија кон мостот Газела – најфрекфентниот мост во Белград и „Бранковиот мост“ кој го поврзува Нов Белград со стариот дел на градот. 

Демонстрантите ги блокираа двата моства, а огромниот број присутни на протестот извикуваат „Вучиќ, оставка“ и „Вучиќ, оди си“.

Вучиќ добил информации дека протестите се обид за „обоени револуции“

Во исто време кога започна протестот „Србија против насилството“, српскиот претседател Алексанадар Вучиќ зборуваше на митингот на неговата Српска напредна партија во Панчево, во близина на Белград. 

Вучиќ рече дека добил информации од служби од Исток дека протестите во Србија се обид за обоени револуции, но не кажа за кои служби станува збор, пишува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

„Добивам информации од различни служби, нашите сестрински служби од Истокот ни велат дека ова се обиди за обоени револуции“,

рече српскиот претседател.

Вучиќ рече дека нема да дозволи насилно менување на власта под туѓо влијание, ниту пак да води политика против интересите на Србија.

Ден пред протестот „Србија против насилството“ во парламентот на Србија почна расправа за безбедносната состојба во земјата и околностите кои довеле до двете злосторства.  

Седница на Собранието на која ќе се расправа за безбедноста, беше едно од барањата на протестот.  

Меѓу другите барања на граѓаните кои по трет пат излегуваат на протестот се и оставка на министерката за полиција Братислава Гашиќ и директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Александар Вулин. 

Тие бараат и смена на Регулаторното тело за електронски медиуми, затворање на таблоидите кои пропагираат насилство и го прекршуваат кодексот и одземање на националните фреквенции од телевизиите Пинк и Хепи.  

Се бара и откажување на програмите кои промовираат насилство, како што се реалните шоуа. 

 За потсетување, на 3 мај 13-годишен ученик уби осум ученици и еден чувар и рани шест ученици и еден наставник. Во пукањето, тешко беше рането девојче кое по неколку дена им подлегна на повредите во болница и таа е десеттата жртва во масакрот.  

Еден ден подоцна, на 4 мај, во селата Мало Орашје и Дубона во близина на Белград, 21-годишен напаѓач уби осум, а рани 14 лица. Напаѓачот е уапсен и го призна делото.  

По двете трагедии, надлежните го зголемија полициското присуство во училиштата, а во тек и акција на Министерството за внатрешни работи на Србија за доброволно предавање на нелегалното оружје.   

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

На Македонците никој однадвор не може да им каже што да бидат, вели Чернева на темата „бугаризација на Македонија“

Следно

Поради високата инфлација реалните пензии во градовите во Албанија се намалиле за 6 отсто, во руралните средини останале непроменети

Latest from Blog

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на

Лавовите од Престон тргнуваат на турнеа во Македонија пред Австралискиот шампионат

Сениорскиот тим на клубот Престон, ќе ја претставува заедницата и клубот во Македонија, со патувањето што започнува в понеделник, 15 септември. Турнејата ќе послужи како подготвителен тренинг камп пред Австралискиот шампионат. За
Go toTop