Конечни резултати од првиот круг избори во Туркије

May 19, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Во Службениот весник на Република Туркије денес е објавена одлуката на Врховната изборна комисија (YSK) за конечните резултати од претседателските избори одржани на 14 мај, јавува Анадолу.

Во одлуката на Комисијата е наведено дека во првиот круг од претседателските избори гласале 55.833.153 од 64.145.504 регистрирани гласачи во земјата. Важечки биле 54.796.049 гласови, а неважечки 1.037.104 гласа. Одѕивот на гласачите бил 87,04 отсто.

Од 3.423.759 регистрирани гласачи во странство гласале 1.691.287 од кои важечки биле 1.676.268 гласови, а неважечки 15.019. Стапката на излезност на изборите во странство била 49,40 отсто.

Според распределбата на важечките гласови, кандидатот на Народната алијанса и актуелен претседател Реџеп Таип Ердоган доби 27.133.849 гласови (49,52 отсто). Кандидатот на Националната алијанса, Кемал Киличдароглу, освои 24.595.178 гласови (44,88 отсто).

Кандидатот на Алијансата на предците, Синан Оган, освои 2.831.239 гласови (5,17 отсто). Четвртиот кандидат Мухарем Инџе, кој непосредно пред изборите изјави дека се повлекува од трката, освои 235.783 гласови (0,43 отсто).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Блокирани мостот „Газела“ и „Бранков мост“ на протестот „Србија против насилството“: Не си одиме додека властите не одговорат на барањата  

Следно

На Македонците никој однадвор не може да им каже што да бидат, вели Чернева на темата „бугаризација на Македонија“

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период
Go toTop