Чернева за односите Софија-Скопје: Да не се довикуваме преку ограда, туку да ја тргнеме и да соработуваме

May 19, 2023
1 min read

Јас мислам дека единствениот начин за ние да можеме да почнеме да се разбираме е да работиме заедно. Кога седиме на различните страни од оградата и зборуваме еден за друг, шансата да си кажеме непријатни работи е многу поголема отколку ако ја тргнеме оградата и почнеме да соработуваме – вели потпретседателка на Европскиот совет за надворешни работи и советничка за надворешна политика на Кирил Петков во периодот кога тој беше бугарски премиер

Влада составена со мандат на Продолжуваме со промените (на Кирил Петков) и Демократска Бугарија (на Христо Иванов) со сигурност на дневниот ред ќе го има подобрувањето на односите со сите соседи, вклучително и со Северна Македонија – вели Весела Чернева, потпретседателка на Европскиот совет за надворешни работи и советничка за надворешна политика на Кирил Петков во периодот кога тој беше бугарски премиер.

Весела Чернева, потпретседателка на Европскиот совет за надворешни работи и екссоветничка на Кирил Петков

„Таа агенда е позната уште од времето на претходната влада на Петков, но, според мене, во овој момент, уверена сум дека сите проевропски сили во бугарскиот парламент гледаат колку е важно Бугарија да има добри односи со своите соседи, особено ако се има предвид војната во Украина. Во исто време од бугарската дипломатија се очекува да вложи поголеми напори за да има повеќе дијалог и подобри резултати во билатералните односи. Конечно, единствениот начин за односите да бидат подобри не е тие да се развиваат само на највисокото ниво, меѓу владите, туку тие треба да бидат поконцентрирани. Значи, треба да има културна размена, научна размена, трговска размена, која гледаме дека расте, што е многу добра новина“,

вели Чернева.

По последните парламентарни избори во Бугарија, претседателот Румен Радев ѝ го даде мандатот за формирање влада на кандидатката за премиерка предложена од ГЕРБ-СДС, Марија Габриел. Ако нејзиниот обид не успее, Радев треба да му го додели мандатот за влада на кандидат од второпласираната групација на изборите – Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија.

Гостувајќи во емисијата „360 степени“ на ТВ „Алсат“, Весела Чернева рече дека, за жал, работните групи меѓу Бугарија и Северна Македонија, кои се формирани во периодот на владата на Петков, исчезнаа.

„Треба време за тие работни групи од административно да се префрлат во практично дејствување. Да можат невладините организации да соработуваат, да можат културните организации… Јас мислам дека единствениот начин за ние да можеме да почнеме да се разбираме е да работиме заедно. Кога седиме на различните страни од оградата и зборуваме еден за друг, шансата да си кажеме непријатни работи е многу поголема отколку ако ја тргнеме оградата и почнеме да соработуваме“,

рече таа.

Пораките од Чернева доаѓаат во период на нова серија изјави од двете страни во кои прво бугарската потпретседателка Илијана Јотова од Јеркјавик обвини за „систематското газење на правата на Бугарите во Република Северна Македонија“, на што македонскиот премиер Димитар Ковачевски врати со изјава: „Дискурсот што се користи од страна на Бугарија кон Северна Македонија е многу сличен на дискурсот што Руската Федерација го користи кон Украина“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

На фестивалот КРИК гостува Мaргрет Гребович

Следно

Блокирани мостот „Газела“ и „Бранков мост“ на протестот „Србија против насилството“: Не си одиме додека властите не одговорат на барањата  

Latest from Blog

Видео: „Чудни“ женски панталони

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика лавина од реакции – и тоа е поради деталите на детските женски панталони од малопродажниот синџир Target USA. Наместо да привлечат внимание поради нивниот

Градоначалникот Коњановски во директен дијалог со жителите на урбаните заедници

Денес градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средби со граѓаните од урбаните заедници Димитар Влахов, Ѓорги Наумов и Кочо Десано. Преку кампањата „Предложи идеја“, граѓаните имаат можност директно да ги изнесат своите

Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи

Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми веднаш да побара медицинска помош. Лицата со респираторни
Go toTop