(ФОТО+ВИДЕО) Десетици илјади излегоа на третиот протест „Србија против насилството“: Вучиќ оди си – извикуваа граѓаните пред српскиот Парламент 

May 19, 2023
2 mins read

Причина за протестот е незадоволството од реакцијата на властите по двете масовни убиства на почетокот на мај во кои беа убиени 18 лица. Вечерашниот протест почна пред српскиот Парламент, од каде демонстрантите се упатија кон најпрометниот мост во Белград – Газела. Насобраните граѓните пред српскиот парламент скандираа „Вучиќ оставка“ и „Вучиќ оди си“, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа

Десетици илјади граѓани на повик на дел од опозицијата вечерва излегоа на протест на улиците на Белград под слоганот „Србија против насилството“.  

Протестниот марш, кој по трет пат се одржува под мотото „Србија против насилството/Фото: Н1

Причина за протестот е незадоволството од реакцијата на властите по двете масовни убиства на почетокот на мај во кои беа убиени 18 лица. 

Станува збор за трет протест што се одржува на повика на дел од опозицијата. Претходните два се одржаа на 8 и на 12 мај.  

Вечерашниот протест почна пред српскиот Парламент, од каде демонстрантите се упатија кон најпрометниот мост во Белград – Газела.  

Протестната поворка, како што пренесува Н1 стигна до Газела, но пред Парламентот сè уште има насобрани луѓе, кои не можат да се приклучат на протесниот марш, поради големиот број луѓе присутни на протестот.  

Како што јавува телевизијата, според проценката на нејзините репортери, пред Парламнетот имало повеќе луѓе отколку на претходните протести. Луѓето беа распослани од црквата Свети Марко, сè до Теразије. 

Насобраните граѓните пред српскиот парламент скандираа „Вучиќ оставка“ и „Вучиќ оди си“, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

Насобраните граѓани пред српскиот Парламент/Фото: Н1

Радомир Лазовиќ, претставник на движењето „Да не го давиме Белград“ за новинарите изјави дека учесниците во вечерашниот марш ќе го преминат мостот Газела, а потоа ќе направат круг преку Бранковиот мост.  

Јелена Михаиловиќ, една од мајките од Пеќине, во својот говор на почетокот на протестот рече дека граѓаните сакаат да живеат без страв. 

 „Тука сме затоа што сакаме Србија без насилство“,

рече таа. 

Меѓу присутните на протестот е и принцот Филип Караѓорѓевиќ. Тој, покрај фотографијата на својот твитер-профил напиша: 

„Од народот, за народот“

Протестот како и претходните се одвива мирно и без инциденти.

Протестиот марш се движи кон мостот Газела/Фото: Н1

Ден пред протестот во Парламентот на Србија почна расправа за безбедносната состојба во земјата и околностите кои довеле до двете злосторства. 

Седница на Собранието на која ќе се расправа за безбедноста беше едно од барањата на протестот. 

Меѓу другите барања на граѓаните кои по трет пат излеговуваат на протестот се и оставка на министерката за полиција Братислава Гашиќ и директорот на Безбедносно информативната агенција (БИА) Александар Вулин. 

Тие бараат и  смена на Регулаторното тело за електронски медиуми, затворање на таблоидите кои пропагираат насилство и го прекршуваат кодексот и одземање на националните фреквенции од телевизиите Пинк и Хепи. 

Се бара и откажување на програмите кои промовираат насилство, како што се реалните шоуа. 

По трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“, министерот за образование Бранко Ружиќ поднесе оставка. 

За потсетување на  3 мај 13-годишен ученик уби осум ученици и еден чувар и рани шест ученици и еден наставник. Во пукањето тешко беше рането девојче кое по неколку дена и подлегна на повредите во болница и таа е десеттата жртва во масакрот. 

Еден ден подоцна, на 4 мај, во селата Мало Орашје и Дубона во близина на Белград, 21-годишен напаѓач уби осум, а рани 14 лица. Напаѓачот е уапсен и го призна делото. 

По двете трагедии, надлежните го зголемија полициското присуство во училиштата, а во тек и акција на Министерството за внатрешни работи на Србија за доброволно предавање на нелегалното оружје.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ердоган почна да го поготува теренот за вториот круг на изборите: Денеска се сретна со кандидатот на Алијансата Ата  

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Десетици илјади излегоа на третиот протест „Србија против насилството“: Вучиќ, оди си – извикуваа граѓаните пред српскиот парламент 

Latest from Blog

ЃОРЃИЕВСКИ ЌЕ ДЕЛУВА КАКО ДА Е ДИРЕКТОР НА СЕКОЕ ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ Стои зад иницијативата да има отповик на градоначалник

Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека ќе делува како тој да е директор на секое јавно претпријатие и дека негова ќе биде одговорноста во врска со работењето на претпријатијата. –

Jala Brat и Buba Corelli на барање на македонската публика закажаа втор концерт во СЦ „Јане Сандански“!

По рекордно распродадениот прв концерт од најавената GOAT TOUR, Jala Brat и Buba Corelli на 28 ноември на барање на македонската публика закажуваат втор концерт во СЦ „Јане Сандански“!  Енергија, хитови и

Компанијата „Гунвор“ ја повлекува понудата за купување на „Лукоил“

Министерството за финансии на САД претходно објави дека САД нема да му издадат лиценца за работа на „Гунвор“ додека трае конфликтот во Украина. Министерството изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно

Проданоски: Грижата за најмладите останува наш врвен приоритет

Во Општина Прилеп денес беше презентиран уште еден реализиран проект во насока на подобрување на образовната инфраструктура. Во ООУ „Добре Јованоски“ целосно е реконструиран дотраениот помошен објект во задниот двор на училиштето,

Тухел изненади со повикот на Вортон од Кристал Палас

Селекторот на фудбалската репрезентацина на Англија, Томас Тухел за квалификациските мечеви против Албанија и Србија на својот список стави имиња кои ја изненадија јавноста на Островот. Адам Вортон првотимецот на Кристал Палас
Go toTop