Велика Британија и ЕУ со нови санкции за Русија – на удар руските дијаманти

May 19, 2023
1 min read

Санкции од Велика Британија ќе има и кон 86 поединци и организации поврзани со рускиот енергетски, метален, одбранбен, транспортен и финансиски сектор – зголемувајќи го притисокот врз преостанатите приходи на Путин и обидите да ги искористи овие сектори за воената поддршка

ФОТО: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON / POOL

Велика Британија и ЕУ воведуваат нови санкции против Русија. Санкциите се однесуваат за повеќе сектори, а целта е да се намали капацитетот на Москва за финансирање на војната во Украина.

„Санкциите се насочени кон 86 поединци и организации поврзани со рускиот енергетски, метален, одбранбен, транспортен и финансиски сектор – зголемувајќи го притисокот врз преостанатите приходи на Путин и обидите да ги искористи овие сектори за воена поддршка“,

се вели во соопштението од британското Министерство за надворешни работи.

Соопштението доаѓа додека британскиот премиер Риши Сунак се состанува со лидерите на Г-7 во Хирошима.

Претходно од кабинетот на премиерот соопштија дека Обединетото Кралство ќе го забрани увозот на руски дијаманти, бакар, алуминиум и никел од руско потекло според законот што ќе биде воведен подоцна оваа година, пренесува Си-ен-ен.

Велика Британија санкционира повеќе од 1 500 поединци и организации од почетокот на руската инвазија на Украина замрзнувајќи повеќе од 22,3 милијарди долари имот во Велика Британија.

„Како што покажуваат денеска објавените санкции, Г-7 ќе остане обединета пред руската закана и цврста во поддршката за Украина“,

изјави британскиот премиер Риши Сунак.

Шефовите на држави и влади на Г7, исто така, треба да разговараат за низа други санкции против Русија, вклучително и американските мерки за ставање на 70 руски и странски ентитети на црната листа на САД. Британија, исто така, ќе таргетира дополнителни 86 лица и компании од воено-индустрискиот комплекс на Путин, покрај оние кои се вклучени во енергетската, металната и бродската индустрија, се вели во извештајот.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека и Европа ќе воведе санкции за руските дијаманти.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Анџелина Џоли ја користи модата за да им помогне на бегалците и загрозените групи

Следно

Инциденти на реваншот во Алкмар, фудбалерите на Вест Хем ги бранеа своите навивачи

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период
Go toTop