По божикните празници ќе се разговара за кандидатите за амбасадори, меѓу нив и за Виктор Димовски

January 4, 2023
1 min read

По божикните празници ќе се знае дали поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски ќе замине за амбасадор за Франција. Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изјави дека по празниците е планирано да има средба со претседателот на државата и премиерот на која ќе се разговара за целата листа на кандидати за испразнетите амбасадорски места.

– На 9-ти месецов, планираме со претседателот и премиерот да седнеме не само на таа тема, туку за целата листа што јас ја имам испратено за нови кандидати, околу 14 кандидати. Тоа е предлог кој треба да се филтрира, меѓутоа за целата листа вклучувајќи го и амбасадорот во Париз ќе се разговара од 9 јануари со претседателот, рече Османи.

Во јавноста се отвори прашањето дали поранешниот директор на АНБ Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз поради случајот со доделувањето на македонско државјанство на рускиот државјанин Олександр Онишченко, кој е на црната листа на САД.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Фајненшл тајмс“: Се создава нов светски економски поредок

Следно

Петрушевски: Апасиев наместо по власта, повторно со лажни удари по ВМРО-ДПМНЕ, освен СДСМ фајде од двајцата пратеници на Левица има само собранискиот ресторан

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Фокус на стабилен и развоен ребаланс на Буџетот

Продолжуваат работните состаноци со ресорните министерства во рамки на подготовката на ребалансот на Буџетот за 2026 година, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Денеска, како што посочи таа, се одржуваат средби со

Стабилен ден на берзата: МБИ10 речиси без промена

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 18.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.877,62 поени, со дневен пад од 0,03%, односно 3,40 поени,

Коњановски: Чистењето кај старата касарна продолжува, следува и хортикултурно уредување

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ заедно со ЈП „Комуналец“ денеска ја чистеа дивата депонија кај еден од објектите на универзитетот. Таму беше и градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој апелираше до граѓаните да

Од Радовиш до иднината: Деца создаваат роботи, освојуваат награди и сонуваат да станат инженери

Додека светот зборува за автоматизација, вештачка интелигенција и професиите на иднината, во Радовиш веќе расте генерација млади луѓе кои уште денес учат како да создаваат, програмираат и размислуваат како идни инженери. Она

Тоневски: Почна асфалтирањето на патот кон село Кундино

Започна асфалтирањето на патниот правец до село Кундино, каде денес се поставува првиот – порамнителен асфалтен слој, како дел од проектот за целосна реконструкција на патната инфраструктура. Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски
Go toTop