На 47 години почина поетот и актер Марко Петрушевски

May 18, 2023
1 min read

Актерот и поет, филмски творец, критичар, есеист, радио водител и преведувач Марко Петрушевски, починал пред неколку дена во Скопје, на 47 години. Веста за неговата прераната смрт ја пренесе порталот „Окно“.

Марко Петрушевски беше истакнат детски актер, познат по улогите во сериите на ТВ Скопје „Бушава абука“, „Втората смена“ и „До-ре-ми“… Тој дипломирал на Драмскиот факултет во Скопје, а го завршил и Филолошкиот факултет, на отсекот за Општа и компаративна книжевност, каде подоцна и магистрирал.

Петрушевски во 2001 година објавил збирка поезија „Еден млад збунет човек“ и ја добил наградата за дебитантска поетска книга на Струшките вечери на поезијата.

Пишувал кратки раскази и записи, а три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ. Преведувал раскази од Чарлс Буковски, снимал видеа, кратки филмови и скечеви, пишувал филмска критика, а работел и како водител во радиото „Канал 103“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Анчелоти: Болен пораз

Следно

Ерменија со беспилотни летала ги нападна азербејџанските позиции на границата

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период
Go toTop