На поранешниот француски претседател Саркози потврдена тригодишната казна за корупција

May 17, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Апелациониот суд во Париз денес ја потврди тригодишната затворска казна на поранешниот француски претседател Никола Саркози, одбивајќи ја неговата жалба против пресудата за корупција и трговија со влијание од 2021 година, пренесува Анадолу.

Саркози, кој ја водеше земјата од 2007 до 2012 година, и неговиот адвокат Тиери Херцог беа обвинети за поткуп на Гилберт Азиберт, поранешен судија во Касациониот суд, во 2014 година за да им даде информации за судска истрага.

Саркози во замена му ветил на судијата престижна функција во Монако, пишува дневниот весник „Монд“.

Судот го осуди поранешниот претседател на три години затвор, со две години условно, на 1 март 2021 година, соопшти телевизијата БФМТВ.

Саркози бараше укинување на пресудата, но Апелациониот суд во Париз ја потврди казната што се однесува и на другите двајца обвинети.

Станувајќи прв француски претседател осуден за такви обвиненија, Саркози се соочува и со тригодишно ограничување на неговите граѓански права, што го прави неподобен да се кандидира за јавна функција во тој период.

Според БФМТВ, ќе му биде дозволено да го одлежи времето дома, носејќи електронска алка за преостанатата година наместо да оди в затвор.

Неговиот адвокат Херцог, исто така, доби три години забрана за правна работа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ако веќе наредивте соларни панели, јбг

Следно

Интер гази сè пред себе откако Алегри им кажа дека се ср*ње!

Latest from Blog

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop