Фестивал на јапонска култура во „Мала станица: Работилници, изложби, модна ревија, дегустација на храна…

May 16, 2023
1 min read

Фестивалот за јапонска култура, наречен „Нихон-џи“ ќе се одржи на 27 мај во Национална галерија Мала станица.

За „Нихон-џи 2.0 – Неонски бранови“, неформалната организација на јапан@мк  подготви уште побогата програма, овојпат, фокусирајќи се на мноштвото контрадикции кои ги содржи јапонската култура, а кои сепак симбиотично и беспрекорно функционираат заедно креирајќи одличен рецепт за успех.

Публиката ќе има можност да проследи презентации и работилници поврзани со традиционална и поп-култура и панели на сериозни општествени и филозофски теми, и технологија.

Присутните ќе уживаат во забавни дебати предводени од членови на дебатниот клуб МОФ и квизови организирани од волонтерите на фестивалот за аниме љубителите. Особено атрактивен е и гејминг делот во чии рамки ќе се одржат два турнира, катче за друштвени игри и бројни други изненадувања.

Програмата на Нихон-џи 2.0 ќе биде дополнително збогатена со читање на хаику поезија на македонски хаику поети и музички настапи во живо на Елена Христова, музичкиот состав Maribosi и DJ сет на Andrea Hz. Публиката ќе ужива во презентација на модни креации на познати современи македонски дизајнери и студенти на Факултутетот за мода и дизајн инспирирани од јапонска мода и традиционална облека.

Две простории во Мала Станица ќе бидат облагородени и со две уметнички изложби, од кои во едната ќе бидат претставени дела од реномирани македонски уметници, а другата ќе прикаже дела на младите креативци кои се пријавија на отворениот повик.

Посетителите ќе имаат прилика да си понесат и нешто со себе од продажниот дел на фестивалот каде ќе бидат изложени изработки, книги, манга, облека инспирирани од јапонска култура. Уште едно специфично искуство на фестивалот е приликата да се дегустираат различна јапонска храна и пијалоци.

Сите заинтересирани може да погледнат фотографии, видеа или други информации за сите настани на Јапан@мк на било кој од социјалните медиуми (Instagram, Facebook, Youtube) како и на страната japan.net.mk.

Фестивалот Нихон-Џи е формално поддржан од  Амбасадата на Јапонија во Република Македонија.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Делови од Хрватска и БиХ сè уште под вода: Во Обровац нивото на водата опаѓа, но ситуацијата во областа на Бихаќ е тешка

Следно

(ВИДЕО) Дивоградбата на државна парцела на Пластичарска стигна до владина седница, но и понатаму никој не ја чепка

Latest from Blog

И Един Џеко донесе одлука за својата иднина!

Според информации од германски медиуми и извори кои го следат клубот од Гелзенкирхен, постигнат е целосен договор помеѓу Џеко и Шалке за продолжување на соработката. Како што е наведено, сè уште има

Меџити: Ќиборовски остави траен белег во зачувувањето на Старата скопска чаршија

Меџити: Со спомен-плоча за Адолф Ќиборовски му оддадовме признание за зачувувањето на Старата скопска чаршија Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска информираше дека во Старата скопска чаршија е откриена спомен-плоча посветена

Најсилен тајфун досега ја погоди Кина- над 710.000 луѓе се спасуваат од разорното невреме (ВИДЕО)

Природната катастрофа го погоди регионот рано утрово, со ветрови од 45 метри во секунда. Најголемиот број евакуирани лица дојде од урбаните области Хуиџоу и Шанвеј, каде што 205.000 и 192.000 луѓе беа

Мицкоски: Опозицијата шири хистерија, Владата испорачува – во рекорден рок саниран проблемот во Гостивар

Политиката на опозицијата е да конструира лаги и да шират хистерија, а политика на Владата е да испорачува. Ние така и ќе продолжиме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање. -Целосна

Емотивно збогум на стручниот штаб од Дешамп

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Искусниот стратег, Дидие Дешамп не успеа да ја напушти репрезентацијата на Франција со медал на Светското првенство, но неговиот тренерски штаб знаеше колку ја ценат соработката со него. Дваесет и еден
Go toTop