Ердоган: Ја почитуваме волјата на народот покажана на изборите

May 16, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, вчера изјави дека ја почитува волјата на народот изразена на гласачките места во текот на претседателските и парламентарните избори што се одржаа во неделата во земјата, известува Анадолу.

„Без разлика на резултатот, победник на изборите на 14 мај беа турската демократија и турскиот народ“, наведе Ердоган на социјалната мрежа Твитер.

Ердоган во својата објава наведе дека Народна алијанса ќе победи во вториот круг на претседателските избори што ќе се одржат на 28 мај и додаде дека се надева на историски успех.

„Со давањето мнозинство на Народна алијанса во турскиот Парламент на неделните избори, турскиот народ ги потврди довербата и вербата во нас и нашиот сојуз“, додаде Ердоган.

Вчера претходно претседателот на Врховната изборна комисија на Туркије соопшти дека во Туркије ќе се одржи втор круг на претседателски избори бидејќи во првиот круг ниту еден од кандидатите не го освоил потребното мнозинство гласови на изборите што се одржаа во неделата на 14 мај.

„Првиот круг на гласање заврши така што ниту еден од кандидатите не успеа да го мине бараниот праг од 50 %, но актуелниот претседател на Туркије е во водство“, рече Ахмет Јенер, претседател на Врховната изборна комисија.

Ердоган, претседател на Партијата за правда и развој (АК партија) и кандидат на Народна алијанса, и неговиот најблизок конкурент, Кемал Киличдароглу, претседател на главната опозициска Републиканска народна партија (ЏХП) и кандидат на Национална алијанса, ќе се соочат во вториот круг на гласање на претседателските избори во Туркије закажани за 28 мај.

Ердоган во првиот круг на гласање освои 49,51 %, а Киличдароглу беше втор со 44,88 % освоени гласови.

Останатите двајца кандидати за претседател, Синан Оган од Татковинска алијанса освои 5,17 %, додека Мухарем Инџе, кој се повлече од претседателската трка кон крајот на минатата недела, откако гласачките ливчиња веќе беа печатени, освои 0,44 % од гласовите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Арсенал е подготвен да потроши над 200 милиони фунти во летниот преоден рок

Следно

Најмалку шестмина загинати во пожар во хостел во Нов Зеланд

Latest from Blog

Јеменските Хути го нападнаа Тел Авив со хиперсонични балистички ракети – Израел го пресретна нападот

Јеменското бунтовничко движење Хути започна напад со хиперсоничен балистички ракети врз неколку цели во Тел Авив. Портпаролот на Хутите, Јахја Сарија, изјави дека операцијата била успешна, при што израелската војска соборила една

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на
Go toTop