Зеленски во посета на Лондон – најави суштински преговори со Сунак

May 15, 2023
1 min read

„Обединетото кралство е лидер кога станува збор за проширување на нашите способности на земја и во воздух. Оваа соработка ќе продолжи и денеска. Ќе се сретнам со мојот пријател Риши. Ќе водиме суштински преговори лице в лице и на ниво на делегации“, напиша украинскиот претседател на Твитер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да допатува во Лондон каде ќе се сретне со премиерот на Велика Британија Риши Сунак. Посетата, која претходно не беше најавена, доаѓа во период кога украинскиот претседател врши притисок врз европските лидери за дополнителна воена помош за неговата земја во војната со Русија.

Момент од претходната средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот на Велика Британија Риши Сунак/Фото: Архива

За посетата, преку објава на својот твитер-профил, информираше самиот Зеленски, кој напиша дека ќе се сретне со својот пријател Сунак за да одржат, како што наведува, суштински преговори.

„Денеска – Лондон. Обединетото кралство е лидер кога станува збор за проширување на нашите способности на земја и во воздух. Оваа соработка ќе продолжи и денеска. Ќе се сретнам со мојот пријател Риши. Ќе водиме суштински преговори лице в лице и на ниво на делегации“,

напиша Зеленски на Твитер.

Украинскиот претседател последен пат го посети Лондон во февруари, кога имаше средба и со кралот Чарлс Трети и се обрати во британскиот Парламент во Вестминстер.

Минатата недела Велика Британија стана првата земја која почна да ја снабдува Украина со крстосувачки ракети со долг дострел.

Изминатите денови, украинскиот претседател се сретна со повеќемина западни лидери. Вчера, тој беше во посета на Германија, каде во Берлин имаше средби со премиерот и претседателот на земјата, Олаф Шолц, односно Франк-Валтер Штајнмаер.

Зеленски допатува во Берлин од Рим, каде во саботата се сретна со италијанските власти и со папата Франциск.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

За Погба сезоната заврши

Следно

Ѓорчев: Поради катастрофалните политики на власта, на Македонија и се случуваат порази

Latest from Blog

Фото: Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

Американската актерка посети медицински установи, вклучувајќи породилиште и детска болница во градот кој беше окупиран од Русија неколку месеци во 2022 година, пренесоа локалните медиуми. Локалниот функционер, Виталиј Богданов, објави на Фејсбук

СКОРО ПА И ГИ НЕМА: „МАЛИ ШАНСИ“ за косовската влада предводена од Коњуфца

Шансите Глаук Коњуфца, премиерот назначен од претседателот Вјоса Османи, да ја формира новата Влада на Косово се чинат минимални. Со обединетата поранешна опозиција околу идејата за нови избори, вториот обид на движењето

ЛШ: Барса чудно, но преживеа во Белгија, Интер и Сити со нови победи (ВИДЕО)

Изненадувањето на вечерта во Лигата на шампионите се случи во Белгија, каде екипата на Бриж одигра 3:3 со Барселона,но реално имаше сериозни шанси и за победа. Домашните трипати водеа, Барселона трипати израмнуваше,

Муцунски: Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата за предвидливоста на нејзиниот пат напред

Главната порака што ја добивме од Брисел е дека геополитичкиот контекс и налага на ЕУ да го интерпретира процесот на проширување како процес на унификација на Европа којшто покрај економско има и

Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

На ситуација во Газа се осврна и портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг одговарајќи на новинарско прашање и посочи дека за Грција главен приоритет е да се одржи
Go toTop